Венера, планетата што ја претставува љубовта, е во Риби, а Раковите, Скорпиите и Рибите можат да очекуваат интересни познанства до 6 март.
ОВЕН
Оваа недела ќе почувствувате зголемена страст и желба за искрени разговори. Ако сте во врска, отвореноста ќе ви донесе поголема блискост. Слободоумните Овни би можеле да сретнат некого кој ќе им ги разбуди пеперутките во стомакот.
БИК
Во љубовта, ќе барате сигурност и нежност повеќе од вообичаено. Вашиот партнер ќе ја цени вашата посветеност и труд. Слободните Бикови можат да започнат врска со некој што им е пријател со години поради Венера во Риби
БЛИЗНАЦИ
Ве очекува недела полна со интересни средби и флертувања. Комуникацијата ќе ви биде најсилниот адут во освојувањето. Во врската, обидете се повеќе да го слушате партнерот и да избегнувате недоразбирања. Слободните Близнаци ќе имаат познанство преку работа.
РАК
Вашите емоции ќе бидат нагласени и ќе барате топлина на домот и блискост. Вашиот партнер ќе сака повеќе внимание од вообичаено. Венера во Риби ви носи можност да испланирате долго патување со некој што ви е важен.
ЛАВ
Ќе зрачите со самодоверба и ќе привлекувате внимание каде и да се појавите. Во врската, вистинско време е за романтичен гест или изненадување. Слободните Лавови би можеле да започнат страсна авантура. Ќе бидете привлечни за Рибите.
ДЕВИЦА
Оваа недела ќе ги анализирате вашите чувства повеќе од вообичаено. Вашиот партнер ќе ја цени вашата искреност и стабилност. Слободните Девици ќе се сретнат со уметник. Иако анализирате, ќе ви биде тешко реално да ги гледате вашите чувства.
ВАГА
Љубовта ви носи убави и хармонични моменти. Ако сте во врска, ве очекува повеќе нежност и разбирање. Слободните Ваги можат да се најдат во огромна дилема помеѓу двајца луѓе. Венера во Риби може да донесе и афера на работното место.
СКОРПИЈА
Страстите ќе се засилат и ќе почувствувате силна привлечност кон некого. Во врската, избегнувајте љубомора и верувајте му на вашиот партнер. Слободните Скорпии би можеле да доживеат судбоносна средба.
СТРЕЛЕЦ
Ќе посакате повеќе слобода, но и искрени емоции. Меркур е исто така во Риби, па може да предизвика збунета комуникација со луѓе што ви се важни. Личност од минатото ќе сака повторно да се поврзете.
ЈАРЕЦ
Во љубовта, ќе бидете сериозни и фокусирани на стабилноста. Вашиот партнер ќе ја цени вашата одговорност и поддршка. Слободните Јарци би можеле да започнат врска што има потенцијал да трае. Венера во Риби го подобрува флертувањето преку пораки.
ВОДОЛИЈА
Затемнувањето на сонцето во вашиот знак значи дека завршувате врски кои повеќе не функционираат. Тоа ќе значи последен тест за сите емотивни врски кои ви се важни. Затоа, не е добро да започнете романса во наредните денови.
РИБА
Романтиката ќе ви ја обои неделата и ќе разбуди длабоки емоции бидејќи Венера е во вашиот знак. Сепак, поради затемнувањето на сонцето на 17 февруари, Рибите кои се во брак ќе поминат низ голема криза. Ова е време на завршетоци, а не на нови почетоци.