Хороскоп астрологија

Финансиски хороскоп за оваа есен: Овенот ќе ја зголеми заработката, нови деловни можности за Близнаците

Раковите да не се опседнуваат со големите суми пари, Девиците ќе добијат можност за напредување каква што не се пропушта. Што ве очекува на полето на финансиите и кариерата оваа есен?

Финансиски хороскоп за оваа есен: Овенот ќе ја зголеми заработката, нови деловни можности за Близнаците

Раковите да не се опседнуваат со големите суми пари, Девиците ќе добијат можност за напредување каква што не се пропушта. Што ве очекува на полето на финансиите и кариерата оваа есен?

Во моментов астролошки гледано сме во периодот на Девицата, период кога треба да ги собереме плодовите на напорната досегашна работа или периодот на „жетвата“. Иако календарски сè уште е лето, веќе чувствуваме дека на ова годишно време му се ближи крајот.

Сега е вистинско време за работа, да се подготвиме за зимата што е пред нас. Мошне е неопходно во овој период да направиме анализа и да бидеме критични кон она што сме го направиле за да се подготвиме за престојниот период.

Според астролозите есента е време на позитивни промени, а еве што ве очекува на финансиски план:

Овен

Бурните и темпераментни Овни треба да направат пауза и да размислат добро што е она што го сакаат. Веројатно ќе може да добијат многу повеќе доколку почнат да ги разгледуваат нештата малку подлабоко. Притоа постои можност за отпочнување на сопствен бизнис и за конечно преземање на одговорноста за финансиите во свои раце.

Бик

Есента е вистинско време за Биковите. За нив, на финансиски план нештата ќе излезат подобро и од што планирале, особено кога станува збор за плановите што ги имале од поодамна. Исто така, за Биковите есента е идеален период кога ќе може да бараат покачување на платата.

Близнаци

Во моментов работите не ви одат од рака, но нема потреба да се сомневате во себеси и во околностите и постојано да се грижите. Имајте на ум дека некогаш ситуацијата може да се промени преку ноќ. Но, смиреноста и самодовербата со сигурност ќе ви донесат голем профит и повеќе пари.

Рак

Наместо постојано да се опседнувате со големи суми пари, обрнете внимание на малите износи на малите суми и на малата заработка. Обидете се да бидете внимателни со она што го имате и секако обидете се да бидете благодарни за тоа што досега сте го постигнале, а финансиската ситуација наскоро ќе ви се подобри.

Лав

За претставниците на овој хороскопски знак ова не е време за одмор, туку време за акција. Во периодов ќе ви се чини дека сè се врти околу работното место, плановите и замислените цели. За Лавовите во поглед на финансиите ова е период кога ќе ги следи вистинска среќа, но треба да бидат внимателни како ги трошат заработените пари и да ги избегнат непотребните трошоци.

Девица

На претставниците на овој хороскопски знак есента ќе им овозможи конечно да внесат некаков ред во работата и финансиите. Можно е да добиете поголеми пари за добро завршената работа, а зголемениот прилив на пари ќе овозможи да се отворат нови можности во животот. Бидете внимателни да не ги пропуштите можностите што не се случуваат секој ден.

Вага

За Вагите благосостојбата и парите оваа есен не се приоритет. Можно е да добиете пари што подолго време сте ги очекувале, но никако нема да успевате да заштедите пари. Добро би било парите што ќе ги добиете да ги вложите во некој посериозен проект. Само со вложување во работата ќе можете да остварите изобилство.

Скорпија

Заборавете на емоциите и не дозволувајте личните проблеми да влијаат врз вашата кариера – на работното место нема простор за емоции. Морате да постигнете баланс помеѓу кариерата и полето на љубовта, затоа што доаѓа момент кога сите долгови ќе бидат наплатени. Сега е најважно да се фокусирате на кариерата, личниот приход и на финансиските добивки.

Стрелец

Обидете се ништо да не одложувате за подоцна, а исто така обидете се да воспоставите баланс во финансиите и да не ви се трупаат ситни долгови. Редот на работното место и во финансиите е нешто на што од време на време треба да обрнете малку повеќе внимание. Доколку сте во можност, добро би било да побарате помош од сметководител, адвокат, консултант – ќе заштедите многу повеќе пари на тој начин и ќе имате можност да се сконцентрирате на сопствените цели.

Јарец

Познати сте по својата тврдоглавост, но таа карактеристика нема да ви биде неопходна за да бидете успешни на работното место, затоа што оваа есен ви претстојат големи промени. Обидете се да бидете флексибилни во однос на промените на работното место. Можни се проблеми во односот со колегите и соработниците.

Водолија

Како и секогаш полни сте со неверојатни и уникатни идеи, но паричникот ви е празен. Оваа есен ќе биде одличен период да направите радикални промени во ситуацијата и да започнете сопствен бизнис. Бидете трпеливи, а парите ќе стигнат во вистинското време кога ќе ви бидат најпотребни.

Риби

Работното место ви дава можност да се развивате, а есента е идеално време да се уверите во тоа. Обидете се да ги работите нештата во кои што уживате, а потрудете се и да бидете уредни на работното место и со финансиите и не би требало да имате поголеми финансиски проблеми.

To top