Овен (21 март – 20 април)
Тешка ќе биде комуникацијата и договорите со соработниците, што може да предизвика тензии и недоразбирања кои треба да се избегнуваат без поголеми хистерија. Ако во претходниот период имаше дилема поврзана со конкретизирање на некои дејствија, денес ситуацијата на љубовното поле треба да биде сосема јасна.
Бик (21 април – 21 мај)
Може да се очекуваат многу грешки и од ваша страна и од страна на некој од вашите колеги, затоа контролирајте сè што правите денес, особено со документацијата. Слободните Бикови во рамките на вашите желби и можности одлучете сами по кој пат ќе се свртите и на кого ќе го посветите целосното внимание, околу вас има можности.
Близнаци (22 мај – 21 јуни)
Ќе мора да направите некои компромиси и да се согласите на некои услови кои не се баш онакви какви што сте сакале. Обратете внимание на потенцијалните љубовни сигнали кои може да ви дојдат од деловно опкружување, некој со кого имате долга и убава соработка.
Рак (22 јуни – 22 јули)
Може да дојде до конфликт на мислења со некои од претпоставените во врска со некои информации што ќе ви пристигнат или проблеми со документацијата. Потребен е поотворен и поконструктивен разговор со цел да се подобрат постоечките односи. Бидете иницијатор за позитивни промени.
Лав (23 јули – 22 август)
Проверете се себеси и што правите неколку пати, особено внимавајте кога се во прашање договорите и документите, можни се посериозни грешки и пропусти. Слободните Лавови треба малку повеќе да се опуштат и да не се повлекуваат во себе, затоа што моментално го „туркате“ најдоброто од себе со вашето променливо расположение.
Девица (23 август – 22 септември)
Бидете внимателни во сферата на финансиските трансакции, може да има изненадувања, грешки, пропусти. Со малку повеќе ангажман и помалку анализи би можеле да заблескате во некоја од конкретните љубовни постапки.
Вага (23 септември – 22 октомври)
Многу е важно да ги завршите сите обврски што сте ги започнале, пред да преземете нови, бидејќи тие подоцна би можеле да ве забават и скапо да ве чинат. Повеќето слободни претставници може да очекуваат поинтересни средби, а особено би можел да се издвои контакт со поранешната љубов.
Скорпија (23 октомври – 22 ноември)
Ненадејните притисоци можат да ве оптоварат и да ја нарушат комуникацијата со непосредните колеги. Ова се мали нешта, но навистина можат да ве исфрлат од колосек. Почестете се со повеќе состаноци, дружење со пријателите бидејќи можете да запознаете личност која доста ви одговара и со која би можеле да бидете на иста бранова должина.
Стрелец (21 ноември – 21 декември)
Во комуникацијата и договорите можете да очекувате повремено забрзување и моменти кога ќе бидете нервозни и напнати, но не е ниту прв ниту последен пат да наидете на вакви ситуации. Доколку сте задоволни од моменталната љубовна ситуација, уживајте во неа, во спротивно можете да очекувате понапнати моменти, па обидете се да не бидете иницијатор за нив.
Јарец (22 декември – 19 јануари)
На Јарците им претстои уште еден многу напорен работен ден, кој ќе бара голема претпазливост и флексибилност во комуникацијата со колегите. Важно е прво да не напаѓате никого. Треба да најдете простор и време за убави животни моменти и моменти на уживање, а тоа можете да го направите.
Водолија (20 јануари – 19 февруари)
И денес би можеле да се најдете притиснати за времето, како поради зголемениот обем на работа, така и поради финансиските последици што тоа ги носи со себе. Фокусирајте се што е можно повеќе и проверете сè повеќе од еднаш доколку е потребно. Нема спектакуларни настани што се однесува до љубовната сфера. Важно е во овој момент да не покренувате некои неважни теми од минатото.
Риби (20 февруари – 20 март)
Внимателно проверете ја документацијата, дозволите, обврските кои веќе сте ги завршиле, бидејќи можни се посериозни пропусти и грешки. Добар период за дружење, излегување, поминување време и уживање. Опуштете се и не размислувајте премногу.