ОВЕН
Дозволете му на вашиот ум да ве води и успехот ќе биде со вас. Бидете креативни на работното место. Ќе добиете признание сѐ додека ги завршувате работните задачи. Склони сте да влегуватње во кавга со колегите поради ситни пропусти и грешки, само за да блеснете како добри професионалци, но ќе му наштетите на односот со нив.
БИК
Постигнете ги целите што си ги поставивте. Вашата работа се завршува, и покрај тешкотиите. Деловните разговори се успешни. Среќата нема да ве напушти и покрај обидите да ви наштетат. На работното место должни сте да ги завршите задачите што сте ги започнале. Започнувањето проекто се непожелни, за да не се создадат идни проблеми со неможност да се завршат.
БЛИЗНАЦИ
Не дозволувајте личните проблеми да ве надвладеат и не им верувајте на ветувањата за лесен профит, бидејќи тоа може да биде измама. Потпрете се на себеси и на планираните успешни потфати за овој ден. И покрај постојаните промени, започнете нови задачи и создавајте нови врски. Постепено ќе си ја повратите самодовербата.
РАК
Не грижете се доколку се појават неочекувани трошоци, бидејќи денеска успешно ќе ја стабилизирате финансиската состојба. Покажете одговорност на работното место. Попладне пофалбите ќе ве израдуваат со резултатите од успешно завршените професионални задачи и неочекувано големата заработка.
ЛАВ
Спроведете ги деловните состаноци што ги одложивте на крајот на минатата седмица. Позитивни промени ќе дојдат кај вас ако ги анализирате вашите постапки. Денот може да испадне исцрпувачки за вас. Воздржете се од критикување за да се спасите од проблемите со колегите предизвикани од нивното одбивање да ве поддржат. Подобро премолчете.
ДЕВИЦА
Бидете храбри и бескомпромисни и, доколку е потребно, направете итни промени на вашето работно место. Заштитете се од неуспех со отпуштање на неодговорните вработени и барање нови. Не избрзувајте ако треба да решавате професионални проблеми кои се поврзани со вашите директни обврски.
ВАГА
Бидете трпеливи и покрај не толку коректното однесување на луѓето околу вас, совршено ќе си ја завршите работата и ќе им докажете на сите дека сте професионалец. Не претерувајте со деловните контакти, бидејќи не можете правилно да ги процените луѓето со кои се среќавате првпат. Не потпишувајте финансиски документи.
СКОРПИЈА
Доколку е потребно, одржувајте само деловни и рутински состаноци. Одложете ги сериозните деловни разговори поврзани со договарање партнерство. Не им помагајте на колегите на работа, туку навлегувајте во своите обврски. Реализирајте ги зацртаните цели со привлекување нови деловни партнери и вработени.
СТРЕЛЕЦ
Анализирајте го вашето минато за да одредите присуството на кои луѓе повеќе не треба да го дозволувате околу себеси. Не ветувајте финансиска поддршка за која не сте подготвени. Почнете да ги спроведувате вашите идеи, но со помош на деловни партнери кои се подготвени да ве поддржат. Трпението и тактичноста се во ваша корист.
ЈАРЕЦ
Прифатете нова работа со повисока плата. Внимателно анализирајте ги вашите постапки. Бидете корисни за луѓето на кои им требате, без да го очекувате истото за возврат. На работното место се чувствувате силни и самоуверени. Сепак, не преземејте нов почеток, туку завршете ги задачите што сте ги започнале. Не патувајте.
ВОДОЛИЈА
Денот е полн со тешкотии кои ќе ја спречат вашата намера до пладне да се занимавате со службените задачи. Закажете попладневен преглед пред да потпишете финансиски договори, докажете дека сте стабилни да договорите кредит и да ги направите планираните инвестиции.
РИБИ
Вашите конкуренти и завидливите пријатели упорно и секојдневно се зафатија да ве испитуваат и да ги следат вашите планови. И вие истражите од кои од вашите колеги протекуваат доверливи информации. Не брзајте со промени, бидејќи ќе го уништите она што сте го постигнале. Материјално, успехот ќе биде со вас доколку не се расплинувате и не ги завршите поставените задачи.