ОВЕН
Не донесувајте избрзани и непромислени одлуки на овој ден. Импулсивните постапки ќе го одложат моментот на успешно завршување на вашите задачи на работното место. Работете темелно, смирено и самоуверено. Ако е можно, остварете го долго планираното патување и комбинирајте го со друга работа.
БИК
Ќе ви бидат претставени нови информации преку кои можете да откриете нови можности за професионално изразување, но внимавајте тоа да не ве доведе во заблуда. Доколку имате можност, посетете некој семинар или конференција. Не е исклучемно прекинување на деловните односи со вашиот партнер со кој соработувате со години, но веќе е поврзан со вашите конкуренти.
БЛИЗНАЦИ
Мора да ги остраните штетати што ви се нанесени од непријателите. Заштитете ги вашите професионални интереси. Немате причина да бидете тактични и компромисни откако ќе ве повредат. Избрзаните активности во разговорите за деловните проблеми и финансиските договори ќе ви донесат загуби. Напорите се успешни. Дарбата што ја имате во изразувањето ви помага да ги пренесете вашите идеи.
РАК
Денот ќе е успешен, иако сте напнати, доколку сте трпеливи и не предизвикувате конфликти со колегите, иако тие намерно ви попречуваат да работите смирено. Не патувајте. Во ваш најдобар интерес е да дадете сѐ од себеси за да го добиете вистинското признание што го заслужувате на работното место.
ЛАВ
На овој ден стремете се кон зацртаната цел, но потрудете се да не покажувате прекумерна амбиција или барем вешто да го криете од другите со што ќе ги налутите. Не е добро да ги изгубите своите сојузници. Ќе се отворат нови можности за работа, но веќе ја имате целта што треба да ја следите.
ДЕВИЦА
Вашето знаење и искуство ќе ви помогнат во исполнувањето на работните обврски, колку и тие да се напорни. Вашите колеги се против промените што имате намера да ги направите, но денеска ќе се согласат со вас. Не брзајте во обмислувањеето на започнување приватен бизнис само затоа што некој ве погодил, бидејќи денот не е погоден за остарување на таквата цел.
ВАГА
Споделете ги сопствените идеи со колеги, кои можеби ќе ги сретнете на деловен ручек или вечера. И покрај напнатоста, вие сте одлично расположени и се чувствувате добро, запознавајќи ги во поинакво светло. На вашето работно место бидете умерено активни и не се преоптоварувајте, туку справувајте се со вашите итни задачи.
СКОРПИЈА
Стабилизирајте го постигнатото доколку сте на работното место и, доколку е потребно, сретнете се со претпоставените кои сакаат да ги видат резултатите од поставените задачи. Нивната пофалба ве радува. Ќе згрешите ако прифатите понуда да ја смените работата без консултација. Ќе зажалите уште следниот ден.
СТРЕЛЕЦ
На работното место не се расправајте со колегите и се занимавајте само со вашата рутинска работа. Ако сакате да го наметнете вашето мислење, направете го тоа без агресивност. Не одбивајте помош. Можни се конфликти со претпоставените. Здравиот разум ќе ви помогне да ги одбегнете. Избегнувајте разјаснување на односите.
ЈАРЕЦ
Ќе се посветите на општествениот живот, но загрижени сте без да знаете точно зошто, нема причина, само наметнете си тактичност и трпение и бидете разумни. Можеби тоа што го правите не ви го носи очекуваното задоволство. Не започнувајте нови задачи ако не сте сигурни во себеси и не позајмувајте пари на луѓе што не ги познавате.
ВОДОЛИЈА
Добро ќе заработите ако тргувате и особено ако имате магацин за продажба на големо, но внимавајте. Можете да ги подготвите договорите што сакате да ги потпишете во следната седмица. Ако не ги процените новите деловни познаници кои брзо влегуваат во вашиот живот, ќе се навлечете на неволја само затоа што сте биле лековерни.
РИБИ
Анализирајте ги вашите разговори и увидете ги грешките од почетокот на месецот, бидејќи треба навремено да ги отстраните. Размислете за вашите идни планови без да ги споделувате. Пазете се од импулсивни одлуки и емоционални реакции со кои дополнително ќе си наштетите. Нема да ви недостигаат потешкотии доколку сте на работното место.