Хороскоп астрологија

Астро анализа: Како да го освоите секој хороскопски знак?

Астролозите го откриваат најлесниот начин за освојување на секој хороскопски знак.

Астро анализа: Како да го освоите секој хороскопски знак?

Астролозите го откриваат најлесниот начин за освојување на секој хороскопски знак.

Секако, постои индивидуален пристап за секој член на Зодијакот. И додека едни сакаат романтика, други „паѓаат“ на директност, а има и такви кои претпочитаат заведување со примеси на мистерија.

Во продолжение дознајте ги „слабите точки“ на секој знак кога станува збор за освојување срца и никој нема да може да одолее на вашиот пристап.

ОВЕН

Сакаат директност, но и да одлучуваат за сè. Најдобро би било да им дадете простор да се докажат, но бидете авантуристи.

БИК

Рамнотежата е најважната работа за овој земјен знак. Не брзајте со нив, обидете се да изгледате добро, не играјте игри дека сте недопирливи. Особено ценат кога некој е доверлив и лојален.

БЛИЗНАЦИ

Познато е дека сакаат многу да зборуваат. Затоа зајакнете ја комуникацијата, бидете хумористични и возбудливи, флертувајте со нив. Од друга страна, дајте им простор да ви кажат сè што сакаат. Само, ве предупредуваме, подгответе се да ги слушате долго време.

РАК

Патот до срцето на личноста во овој знак е најлесно да се најде доколку побарате помош од нив. Разговарајте за семејството, дружете се дома, бидете љубезни, грижливи и традиционални.

ЛАВ

Не се сите Лавови исти, но повеќето не можат ни да замислат ситуација во која не се во центарот на вниманието. Ласкајте им, нека преземат иницијатива, но покажете наклонетост. Направете ги малку љубоморни, но најважно е да покажете дека е забавно да се биде со вас.

ДЕВИЦА

Девиците ќе „паднат“ на тоа доколку побарате помош или совет од нив. Погрижете се секогаш да изгледате негувано. Не се ни обидувајте да се залажувате.. Покажете дека имате здрав разум и пред сè бидете трпеливи.

ВАГА

Нивниот шарм е неодолив, а доколку сте решиле да освоите претставник на овој знак, бидете љубезни и фини. Дајте им чувство на слобода, сослушајте ги и обидете се да им бидете најдобар пријател – нема да ви одолеат.

СКОРПИЈА

Никој не го сака непознатото и мистеријата како Скорпиите. Затоа бидете мистериозни, но и искрени и лојални. Луѓето под овој знак се многу проникливи и лесно ќе откријат дали воопшто помислувате да ги изневерите. И никогаш не кажувајте им што да прават, со тоа можете да добиете само контраефект.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците се вечни оптимисти. Ако сакате да ги освоите, бидете смешни, искрени и отворени. Флертувајте со нив и дајте им простор да сфатат колку ќе им биде здодевен животот без вас.

ЈАРЕЦ

Покажете дека сте софистицирани и елегантни, бидете вредни и амбициозни и не го поминувајте целото слободно време со нив. Имајте на ум дека тие се големи традиционалисти. Јарецот, кој важи за знак со прилично ладно срце, полесно ќе го придобиете ако сфати дека не може да биде со вас без престан, особено ако понекогаш работата ви е поважна од љубовта.

ВОДОЛИЈА

Ако се грижите за освојување на срцето на Водолија, прво станете ѝ пријател. Бидете единствени, дајте ѝ слобода, изненадете ја и немојте да бидете агресивно емотивни. Пријателството го ставаат пред флертувањето и љубовта.

Дефинитивно треба да имате магични способности за да ја ублажите непробојната Водолија, во спротивно ќе останете нејзина пријателка засекогаш.

РИБИ

Најемотивните од Зодијакот ги освојува романтиката. Веднаш паѓаат на емпатија! Мажот роден во знакот Риби ќе даде сè од себе за да стане ваш личен херој.

To top