Колумни

Замислете го Министерскиот состанок на ОБСЕ…

Замислете го Министерскиот состанок на ОБСЕ…

Во оваа моја колумна нема да се осврнам на политички теми, туку просторни, инфраструктурни. Имено, начинот на кој функционира политиката кај нас, пред се на локално ниво, општините, градот, советите, и спрегата со одредени моќници и инвеститори.

Замислете го Министерскиот состанок на ОБСЕ доколку не беше пуштена администарцијата дома? Имено, 90 отсто од државните институции се во општина Центар. Нема дисперзија, а нема ни паркинг. Улиците не се проточни, и се стравраат долги колони. Нема брзи подрземни или надземни коридори.

Замислете го Министерскиот состанок на ОБСЕ доколку пројдеше урбанистичкиот план во Карпош? Огромно зградиште пред Борис Трајковски, Бензинска на самата улица, уште една огромна зградурина веднаш до Макпетрол и брзата помош, уште неколку згради кај бараките кај ГУЦ, и секоја која ќе донесеше уште 400-500 коли по објект.

Замислете го Министерскиот состанок на ОБСЕ доколку барем кружниот тек кај Хубо не беше направен. Се доцни со надвозникот, патот кон Визбегово е хорор, ама барем нешто се придвижува. Планот за овие сообрќајници беше предвиден уште пред десетина години, ете се мачиме и уште се чека.

Замислете го Министерскиот состанок на ОБСЕ некој не го изградеше скопскиот аеродром и инфраструктурата околу истиот. Актуелната власт во континуитет се жали од нејзините претходници, но не кажува што значајно и капитално сработела во изминатите 7 години. Воглавно санации и реконструкции.

Замислете го Министерскиот состанок на ОБСЕ доколку го немавме комплексот Борис Трајковски и репрезентативниот хотел Александар Палас, но и нивната положба, пристапот,  паркинг инфструктурата и бришаниот простор околу нив. Ние немаме ниту едно место, локација, која логистички може да задоволи било каков масовен или со високо безбедносно ниво настан, слилен на комплексот Борис Трајковски, а се трудиме ко општество и него да го затвориме, ограничиме и наполниме со нови жители и автомобили.

Замислете го Министерскиот состанок на ОБСЕ да гостите мораа да дојдат по земјен или железнички пат? Желеницата е уништена и маргинализирана, автопатската мрежа е тиња, а колку толку функционира само коридорот север-југ. Алтернативен аеродром имаме само еден, во Охрид, а патот до таму е хорор. Цели триесет години не успеавме да изградиме ниту еден алтекрантиве аеродром, ниту да ја развиеме патната и железничакта мрежа. Аеродроми, во најмала рака слетно полетни писти, треба да има и во Пелагонија и на Истокот, или во светиниколско или струмичко.

Замислете го Министерскиот состанок на ОБСЕ на друго место во градот. Едно перфектно место како Скопски саем се сруши до темел. Место истиот комплес да се надгради и прошири на парцелата зад него, истиот се срамни со земја и сега има Трговски центар, а зад него никнуваат еден куп гломазни згради. Хотелот Континентал ја изгуби поентата на самата локација. Било кој друг објект во градот е настеган во центарот со мал габарит и без безбедносни услови, но и логистички, како патна мрежа и паркинг.

Ова само потврдува дека градските власти немаат визија, а се дозволува да ситни интереси прават пренамена на простор и се се трупа на купче. Ова е потврда дека централната власт не нуди долгорочни решенија за развој на една држава, и раст на главен град. Нема план за нов саем, за голем конгресен центар, галериски простор, спортски објекти, комплекс на институции.

Јас не знам многу главни градови каде седиштето на армијата и генералштабот е во центарот на градот, или каде министерството за внатрешние близу до резиденцијална населба на падини од планина, или каде до разузнавачките служби се градат огромни згради и трговски центар. Националната фудбалска арена ни е на 300 метри од Владата, Градот и Генералштабот, и е поврзана со тесни уличиња и станбени згради, во иднина уште толку тој простор ќе се заградува со објекти.

Не можа да шетате многу низ светот. Посетете ги балканските градови и видете дека покрај градските автопати и булевари, имате спортски сали, стадиони, конгресни центри и голем бришан простор. Само кај нас на тие локации или автоперални, кафани, куќи дивоградби, грди згради, дуќани, ѓубришта и отпади.

Скопје чека изработка на нов ГУП (генерален урбанистички план). Истиот треба да биде визија за раст барем за следните 20-25 години, па и подолго. Не само за следните десет. Треба да се предвидат и реализираат коридорите и да се предвидат локации за капиталните објекти, а не станчиња, канцеларии и дуќани. Мора да се замисли и осмисли сообраќајот, и паркирањето и целата пропратна логистика.

За сето тоа треба луѓе со визија и со став, а не хиени кои дошле да наплатат за себе, да нешто изградат, доградат, лапнат. Треба силни личности, и како градоначалници, но и дефинитивно во советите. Треба централна власт со визија и отворен светоглед, која ќе помогне за развојот на градот и поширокиот регион.

Скопје мора да има голем саем, конгресен центар, алтернативен аеродром (штипско, светиниколско, а зошто да не и да се надгради и среди оној во Станковец), алтернативен стадион од барем десетина илјади публика (и не терен со трибиниште, туку мал покриен во англиски тип објект, со пропратана инфраструктура, подно греење, хибрид трева, со теретани, сали итн), да дел од инстутициите се предвидат вон град, пред се оние безбедносните или за земјоделие на пример.

Само така ќе покаже било која политичка стуктура дека има визија и дека планира развој. Се друго е само импровизација. Се надевам дека ќе допрам до некого со моиве писанија.

Александар Ристевски

To top