Колумни колумна

За културниот туризам

Имаме како нација уште многу, многу работа, а потенцијалот е огромен, и можноста од тоа Македонија да живее и да отвора нови работни места, пред се во приватниот сектор.

За културниот туризам

Едноставен наслов. Сличен со името на министерството кое се доби со формирањето на новата Влада, минатата година.  Имаше мнгоу различни мислења околу тоа дали треба да се дојде до вакво спојување, според мене, како концепт е полн погодок. Е сега доаѓа потешкиот дел, сето тоа да се уигра, испланира, ефектуира и спроведе, и да даде видливи резултати.

Зашто култура и туризам? Затоа што не сме земја со излез на море, немаме илјадници километри песочни плажи, ниту сме пак земја со илјадници планински врвови кои имаат голема снежна покривка со месеци.

Не сме ни градови кои имале истакнати владетели последниве 200 300 години, па да имаме градови со грандиозни објекти и некаква си мегаломанија од минатото со која би се дичеле, како на пример една Виена. Но, дефинитивно сме подрачје на кое се преплетувале цивилизации, имаме илјадници археолошки локалитети, но ги имаме и Хералкеа, Лихнидос, Скупи и Стоби со своите амфитеатри. Имаме цркви стари по скоро илјада години, го имаме родното место на императорот Јустинијан, имаме неолитска населба во Скопје, го имаме Камениот мост.

Иамме еден куп тврдини. Самоиловата во Охрид, чичевски Китино кале, Скопската тврдина Кале, Маркови кули, штипски Исар, струмичките Цареви кули. Имаме значајни старфи градби од крајот на 19тиот и почетокот на 20от век. Семејни објекти на значајни фамилии, и дел општествени и стопански објекти. Имаме и стари градски јадра, во Скопје, Битола, Кратово, Крушево, Охрид вредни за презентација.

Периодот кој престои, верувам и очекувам дека во голема мерка ќе се посвети токму на заштитата и презентацијата на културното наследство. Тоа е нешто што го втемелува и презентира во одредена мерка и нашиот идентитет, но е и значаен фактор за развој токму на културниот туризам, кој треба да биде еден од по доходовните извори на средства за македонската економија, а и генератор на многу нови вработувања, пред се во приватниот сектор.

Секако, тука значајна улога же играат и сита национални и локални музеи, како и бројните локалитети под нив. Мора да се изготви сеопфатна стратегија во која сето она што го имаме ќе мора да се презентира пред светската јавност. На поголем простор, со поголем квалитет, бројни пропратни содржини и секако специјализирани продавници, каде што странците би можеле и да потрошат пари, но и да нучат нешто повеќе за Македонија.

Неодамна видов изјава на стручно лице од Охрид кое спомна дека самиот град нема репрезентативен објект, во кој на едно место би се прзентирало култуното наследство и дека се импровизира со разни помали објекти и спомен куќи. Се сложувам во целост! Затоа со и поборник со години дека на местото на актуелниот објект во центарот на Охрид  треба да се изгради поголем репрезентативен мултифункционален објект во кој би имало галериски простор, репрезентативна археолошка поставка на барем 2000 квадрати, затворена репрезентативна сцена со барем 800 седишта и други пропратни простории за Охридско лето и севкупната култура во Охрид, заедно со подземна гаража, на едно или две нивоа, а на самиот кров и дополнителна летна сцена. Тоа доколку понатаму правилно би се менаџирало, и институциите во Охрид би имале сериозен приход, со што би биле по самостојни и помалку зависни од дотациии од државата. Истото се однесува и за Тврдината, која мора да направи повеќе содржини и продажба на комерцијални производи, а не само ефтина сува карта.

Ова уште повеќе се однесува и за Скопје. Во центарот има огромна понуда на институции, но малку од нив комерцијално работат и го користат потенцијалот на бројните туристи кои секојдневно се вратот околу нив, а неретко влегуваат и ги посетуваат. Сметам дека не успеваме да наплатиме нит 5-10% од она што е потенцијал. Слабо се рекламираме, немаме постојана понуда, има потреба од подобра презентација за посетителите, поголем маркетинг и секако специјализирани продавници со понуда на книги, брошури, предмети, разгледници и се она што во странство нам ни го нудат и продваат.

Во основа сето она што државата се обидува да го развие, сега културњаците имаат задача, заедно со приватниот сектор, водичите, градските и општинските власти и угостителите, да го стават во функција, да направат содржини и да ја претстават Македонија, македонската култура, историја, традиција, кујна и се она што не прави нас македонци.

Потребен е многу по сериозен однос, планирање, презентација на колекциите, соодветни лица, многу макретинг, но и осмислени содржини, и ред и хигиена. Да, изминативе години цело Скопје е кочина, и за жал, многу од странците кои доажаат гледаат ѓубре, нечистотија и општ хаос. Она културно јадро кое е околи Камениот мост кон и во Чаршијата, плоштадот Скендер бег, Калето и околината, мора да свети, да нема узурпиран простор и да е во функција на претставување на Скопје и севкупно државата. Водичите и вработените во институциите се уште едно огледало на државата, но за тоа во некоја друга прилика.

Имаме како нација уште многу, многу работа, а потенцијалот е огромен, и можноста од тоа Македонија да живее и да отвора нови работни места, пред се во приватниот сектор.

 

Александар Ристевски

To top