„Падобранец“ е поим за лик кој не треба да биде на местото каде што се наоѓа. Непоканет суртук, желен за бесплатен помин. Гагаџија. Неповикан ајван кој нема ниту срам ни перде за да биде таму каде не е посакуван. Ви текнува на некој таков?
Ок, освен на 7-годишната наттурена/октроирана власт на СДСССС, која без ниту една победа во меѓувреме (и 2020-та без БЕСА беа помалку од ВМРО) „падобрански“ си истера 83 месеци арамилак, сегашен НАЈпадобранец да ти бил Таљо. Командант Форина, кој со 12 пратеника на Али и 40-те разбојници стана премиер. Арно ама, ај што станал, проблемот е што пустиот не сака да си оди. Ама никако. Му се заарнило на Џафери, кој, за волја на вистината, не го ни видовме што правеше како „премиер“, освен неславната, УЧК курч-епизода во СВР Тетово, кога и се „понашаше“ на сопруга на бранител загинат во Диво Насеље. Арам…
И со Пржинската глупост беше, ама сега, технички, техничкиов ни е падобранец, попадобранец, здравје. Прашање е само, каква плата ќе зема премиерска или пратеничка? Затоа што запоседна две места, неуставно, неделовнички, вон секое право. Да се кладиме, дека типува на двете, а? Па, ако стотици може рамковно не ни да идат на работа, чуму Таљо да не може да зема две плати, голема работа, нели? Лоша навика од седум години аздис без граници под покровителство на СДСССС…
Форина, исто ко и цела ДУИ, никако да сфати дека по 22 години оди во опозиција, па цела партија пуштена на најјако почна да кука, плаче, каса, гребе, лелека, корне коси, кубе, гриза и заоѓа од лоша глума и „рамковно“ пренемагање….
И сето ова се случува во една ново-разбудена Макеоднија, која и на заминување власта не престанува да ја толчи. Парадоксална држава без хируршки сали чие здравство под итно треба да се хоспитализира, ремонтира и излечи. Болно здравство, оксиморон ист ко онаа црната Бисера из Битољ која стана инстант-патриот и скокаше за употреба на македонскиот јазик. Не дека не треба, туку затоа што минативе 7 години продадоа се’ што не смее, а ни збор не кажаа северните хохштаплери, туку со акламација поддржуваа. Арно ви велеше Муртинхаузен, не во стои, не ви прилега, ама ич…
Туку, отсекогаш знаевме дека будењето на македонскиот народ ќе дојде. Неминовно, како изгрејсонцето. Знаевме и дека ќе има силен домино ефект. И контраши. И не згрешивме. Е, сега, ова будење, за кое, за жал, ни требаа „само“ 7 години, предизвика вистински бран на будење. Очекувана и цела верига инфантилни ајвани, кои буквално ко печурки по дожд, еден по дуг испоскокаа од камењата под кои се криеја со години. Армија „разочарани“ и душегрижници. Соседските национал-шовинисти се гратис. „Приде“ би рекле кај северниот сосед на насила северизираната Македонија…
Да, народот се разбуди, турна во провалија една ненародна и крајно забегана, криминогена власт, паралелно будејќи многу други околу себе. Не, не ги разбуди саде СДССС и ДУИ, тие и онака со години не спиеја и очи не склопија крадејќи ко улави цели 83 месеци. Може, затоа и ги снема од радарот, најдоа време да поспијат арамиите?!?! Нејсе, побитно е будењето на „другите“, она постизборно кокиче кое јасно го покажа патот и насоката на идното ни дејствување. Чек, чек. Го извадивме ли кубурот за црни денови чуван? Јок, за Македонецот се’ уште не е толку црно, никако. Во 50-те нијанси на црнила, според мнозинството, дојдени сме до саде 30-та нијанса J Опааа, ајде, па минавме над 50 проценти, добри сме…
Шегата на страна, башка што ѓаволот одамна ја однесе од Македонија, но и најдолгиот пат почнува со првиот чекор. Го направивме. Ги направивме. На 24 април и 8-ми мај. За сефте, не е малку. И сега? Очекувате чуда да се случуваат? Уште утре да се оправи она што Заевци, Ковачевци, Димитровци, Алиевци и Грубиевци го уништуваа, расчеречуваа и распродаваа цели седум години? Дека веднаш ќе си го вратиме името, уште недојдена власта нема да го ферма меѓународниот фактор, за една недела ќе дојдеме до она што толку го посакуваме и за кое ни плаче душата македонска толку години? Не ќе да е така, не бива така, знаете. Знаете и дека кроце, лангѕам е рецептот. Да не беше таков, споровозен, ко што сме и ние, сакале да признаеме или не, немаше да чекаме 7 години за да ги тргнеме антимакедонските бандити од власт.
Факт број еден, Македонецот имал, има и ќе има споро палење. Докажано, низ целата ни историја. Факт број два. Имало поправен, секогаш. Да го искористиме, здраво. Да не си пукаме во нога. Пак.
Време е, ама крајно, за здраво засукување на ракави и работа, мнооогу работа на секое поле, онаа „ствар“ на која бандава на заминување беше алергична. Не е флоскула, туку нешто што мора да се случи заради Македонија и нашите деца, да не спиеме на тоа уво и да ја чекаме утопијата за „НАТО не брани, ЕУ не храни“, доста не’ лажеа со стакленца и лижавчиња, нема поента. На страна цената на обезличувањето и погромот врз македонштината. Ајде, да докажеме дека се може кога се сака. И се знае. Без подметнувања и сипање/турање песок во сојузничката осовина. На ангро…
Да си ја тераме прикаската за волкот и вратот, за Да не биде онаа старата, дека еден ден кога Европската унија ќе се распадне, во неа ќе остана само Македонија, која нема да ги исполнува условите ни за излегување…