Автор: Саркастичен хроничар
По објавувањето на изборните резултати, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, мирно изјави: „Не е постигнат посакуваниот резултат, но резултатот не е лош со оглед на околностите.“
Да се потсетиме: СДСМ освои тројца градоначалници во прв круг на локалните избори, ја изгуби Струмица по дваесет години, не влезе во втор круг во Скопје и Куманово. Партиското членство се движи од состојба на апатичност до целосен шок. Тие сè уште не можат да согледаат каква „консолидација“ им правел и им прави лидерот Филипче. Очигледно, тој им нуди нова партиска диета: колку повеќе гласови се топат, толку повеќе раководството е задоволно.
Јас, како стар хроничар на вакви циркуси после избори, си се прашувам: како изгледа муабетот меѓу Венко и неговите луѓе и сопартијци по објавените резултати. Иако не можам прецизно да потврдам, според неговата „филозофија на консолидација“, веројатно таа се одвива на ваков начин:
Еден сопартиец: „Другар Филипче, ВМРО имат 32 градоначалници во прв круг, а ние само тројца. Шчо ќе правиме? Зш вака?“
Филипче: „Па тоа е консолидацијата разборате ли вие. Целта е од многу да остане малку, ама квалитетно.“
Друг сопартиец: „Но паднавме од 237.000 на 126.000 гласови!“
Филипче: „Абе ајде, гитла оттука! Тоа се само бројки. Кој денес им верува на бројките? Нашиве се квалитетни бројки. Колку сме, толку сме, токму сме и доста сме. Ајде бидете умни, догодина на вонредни локални избори ќе се обидеме да ги намалиме на еден!“. Помалку на број, но многу поцврсти и поагилни.
Од ВМРО-ДПМНЕ, со голема љубов до Венко, потпретседателот Александар Николоски изјави: „Па што требаше вака, Венко? Сега Македонија е обоена во црвено! Ова е историски лош резултат! Дај, замини си, не си компатибилен.“ Од друга страна членството на ВМРО ДПМНЕ разочарано прашува: „Кој ѓавол им е на нашиве што бараат оставка од Филипче кога тој одлично си ја врши работата? Немојте да му го земате раатот на човекот. Убаво е Филипче да остане на чело кога е задоволен со тројцата избрани градоначалници. Ем помалку на број, ем посилни. Такви ни требаат“
Некогаш, најголемиот пораз е, всушност, најголема победа. Тоа сдсмовците на Венко сè уште не го знаат. И додека СДСМ слави со „консолидираните“ тројца градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ веќе брои нови 33 плус градоначалник на Скопје.
Но, без разлика на тоа, засега Филипче е убедливо еден од најдобрите претседатели на партијата со нај, нај, наједноцифрен резултат во историјата на СДСМ, дури подобар и од времето на Шеќеринска и Бучковски. Зﹰш би се секирал? Сè ушﹰче е верен другар на Заев. Можеби следната година, по совет од најверниот другар, ќе направи и чекор повеќе и ќе побара прием кај папата Црвенковски. Редно е и тој да ,,баци рака’за благослов и еден симболичен градоначалнички мандат во блиска иднина. Е да, тоа би бил уште поголем успех според најновата Венкова ,,филозофија на консолидација’’.
Политичкиот сарказам никогаш не бил поубав, а улогата на сатиричниот хроничар никогаш покомфорна. Зﹰш така бре Венко.
21.10.2025 Проф. д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ