Во првиот дел пишував пред се за урбаните чворови и точни во строфиот центар на градот кои ја креираат гужвата и закрчениот сообраќај. Сега ќе пишувам за истите такви точки кон периферијата, но и за мостовите.
Како надополнување, за центарот на Скопје како круцијална траса која може да го смени во целост сообраќајот во Скопје е продол/ението на булеварот Свети Климент, кој покрај самата Влада, и преку Вардар на столбови и стигнал до Калето преку тунел би излегол кај Теќето на Пластичарска, над која би поминал на столбови и би се поврзал со Македонско косовска бригада, покрај Топанско поле и која оди према Шуто Оризари. Не знам колку овој проект е реално изводлив и колкави финансиски импликации би створил, но истиот е над 50 години во ГУП, а и Шилегов тврдеше дека прави проект за истиот, па убаво е да се види проектот, нели?
Коа сме веќе кај северниот дел од градот, мора интензивно да се продолжи со вториот прстен околу градот, скратената верзија на обиколницата, зборува за двете страни од Словенечка и босна и Херцеговина, булеварот Хрватска кој оди Автокоманда зад Железара и Бутел 2, до и продолжението кај Злокуќани и кон Бардовци. Очекувам ова да се гради чим се заврши клучката кај Момин Поток, а следно и булеварското, па автопатско решение кој границата со Косово.
Колку се мостови на Скопје му се потребни? Веќе го имаме мостот кај салата Јане Сандански кон Ист Гејт, и оној кај Сити мол кон Злокуќани. Кај тоој вториот имаме еден искривен изглед и искривена сала, затоа што така е полесно отколку некој да направи експропријација. Слична импровизација како и мостот Беласица кој така искривен и скратен остана од времто на Трифун, како и Водњанска со онаа куќата чир од врмето на Пенов, над 25 години.
Мост на Вардар е потребен и во Карпош 4, право од Илинденска, кој би се поврзал директно на Марк Твен (близу Лепенец и Канал 5), па на столбови преку железничката пруга, се до населбата Даме Груев. Треба нови мостови близнаци на Партизанска меѓу Карпош 4 и Влае, на сама Партизанска со плус една лента.
На делот кој граничи меѓу Аеродром и Гази баба, потребни се минимум два нови моста за да се растерети сообраќајот и меѓу двете општини, но и целиот град, воопшто. Едниот кај последна 5ка, близу ФФМ и паркот, преку Вардариште кон Маџари кои би се поврзал со улицата Благоја Стевковски и кон улицата Маџари која оди преку главниот булевар кон населбата Ченто.
Вториот, кон не знам дали е ингеренција на Градот или на ЈПДП, но потребен и нов мост и средена траса од Долно Лисиче и Драчево кон Јурумлери, со што би го растеретил сообраќајот во голема мерка и излезот од градот.
Трета траса според мене е веќе постоечкиот мост, кој е неповрзам на реката Вардар, покрај самата пруга кој би го поврзал Лисиче со Ергеле и би бил една алтернативна рута и превоз со помал обем.
Истото така, со ЈПДП треба да се работи на пуштање во употреба на патот кон Сончев град, кон општина Сопиште, кој оди преку Водњанска и Средно Водно. Цели десет години стои така, и недостатоците треба да се отстранат и стават во функција.
Секако, на многу места се потребни подземни премини, кружни текови, натпапници, и најбитното функционалност при паркирањето. Треба да се обележат и прецизираат црните точки, но и да се стават во функции сите паркинг места кои сега не се користат или се преадаптирани. Фарса е да дури луѓе со куќи и големи дворови, колите ги оставаат на улица, на тротоар. Тротоарите се за пешаците.
Потребна е зелосна реформа на сообраќајната полиција, враќање на позорникарите, но и законско решение за комунална полиција, чија цел нема да е само да казнува, туку едноставно да воспостави ред и функционалност во самиот град.
Од кога овие проекти ќе бидат реализирани или во најмала рака испроектирани и во подготовка за реализација, следува да се испрокетираат и контурите на новиот градски превоз и нови линии.
Сметам дека градскиот воз ќе смени многу, поготово за народот од приградските населби. БРТ има доста мани, посебно со идејата да по партизанска оди по средина, а да се скратат по една летна во секој правец. ЈАс или би го трасирал на прва лента, и никој не би можел да се паркира на истата, или пак истиот би одел или по илинденска или по Гологанов. Секако, најголем предизвик би било поминувањето нис тесното грло во центар, но и тоа би се надминало доколку би се изградил подземниот булевар од Влада до Народна Банка.
Се надевма дека со овие мои предлози и идеи, за кои добар дел веќе е пишувано и планирано, и дека сите ќе бидат земени во предвид и план. Да го направиме Скопје место за поубаво живеење.