Колумни андон чибишев

Предизборна програма на СДС за здравство – прв кадар, втор пат

Пред два дена СДС ги обелодени листите за пратеници за парламентарните избори и при тоа ја промовираше и својата предизборна програма за здравство.

Предизборна програма на СДС за здравство – прв кадар, втор пат

Програмата ја образложуваше ностителот на листата за пратеници во изборната единица 4, колегата Др Венко Филипче.

И, колегата си кажа што имаше да каже, меѓутоа ако внимателно го слушаш ќе видиш дека всушност ништо ново не кажува туку дека само реплицира добар дел од програмата со која СДС настапи на изборите во 2016 година.

И така, повторно се ветува дека ќе имаме бесплатно здравство, без партиципација и без финансиски оптоварувања за пациентите. Ова истото еднаш е ветено пред седум години ама колку е реализирано сигурно веќе процениле пациентите. Од тоа нема ништо, само што сега се зголеми бројот на пациентите кои немаат доверба во јавното здравство па и покрај тоа мшто имаат здравственото осигурување помош бараат или во странство или во приватните здравствени изнтитуции.

И каде е сега тука бесплатното здравство ?

И овојпат, без срам и перде се ветува зголемување на платите на здравствените работници од сите профили. Само сега не се ветуваат 100 000 денари за специјалистите, туку дури 140 000 денари за општите доктори и 90 000 денари за медицинските сестри а за специјалистите уште повеќе.

Па добро, овие луѓе имаат ли образ, продолжуваат да им даваат лажна надеж на здравствените работници дека ќе им ги подобрат примањата. Па тоа еднаш го ветија во 2016 година и видовме колку го исполнија.

Сега општите доктори-почетници ќе имаат плата како хигиеничарките со поголем стаж бидејќи платитете нема да се усогласат со минималната плата која наскоро ќе биде околу 22 000 денари.
Медицинските сестри со тешкотија врзуваат крај со крај, со плата под секоја критика и затоа масовно ја напуштаат Македонија и својата и среќата на своите семејства ги бараат во белиот свет.

Дај бре социјалдемократи, соземете се , престанете да го лажете сопствениот народ и отстапете го местото на тие што ќе го раководат здравството подобро од Вас.

To top