Застаре и кривичната пријата против поранешниот премиер Владо Бучковски за случајот ,,Тенковски делови’’. На судиите не им беа доволни повеќе од 17,5 години да дојдат до правосилна судска пресуда за овој случај.
Од сите поранешни и сегашни политичари по се изгледа дека само М. Јанакиевски и Г. Јанкуловска се ,,изналежаа’’ по апсаните. Останати политичари арамии, околку стотина на број, се спасија од затвор и одземање/враќање на украденото благодарение на тоа што:
1. беа амнестирани со наменски измени на Кривичниот законик (измени донесени со умисла, цел и договор),
2. со застарување на случаевите благодарение на спрегата судство-обвинителство- адвокати – арамија политичар);
3. со пазарање во четири очи помеѓу арамиите политичари со политичкиот противник гонител (читај рекет кој го плаќаше арамијата политичарна одредени високо позиционирани персони),
4. доколку ја напуштија државата и побегнаа да уживаат со украдените народни пари во друга државаи
5. доколку во четири очи арамијата не се испазари со обвинителот и судијата да вратие многу дел од украденото, а изречената казна затвор повеќето да ја отслужува во домашни услови.
Овие воспоставени модели на соработка (колаборација) на дел од обвинителите-политичарите-судиите трае со години и никако да се искорени. Со години ,,волците’’ беасити, а ,,овците’’ постојано изгладнуваа и беа на штрек. ,, Волците“ сметаа дека се ќе си помине бидејќи народот е со кратко паметење. Ама изгледа не било се така како што тие си замислувале. Демократските ветришта по толку години по се изгледа донесоа нов ритам на работа, нови луѓе, отчетност и одговорност за работата на властите и др. праведни работи.
И затоа дел од оние кои се свесни дека ги чека кривичен прогон наеднаш почнаа да ни глумат демократи и да стануваат се поагреснивни и радикални, па дури и да се закануваат и да се спротивставуваат на барањата на власта за смена и одговорност на судиите и обвинителите кои не биле на висина на задачата, додека пак неколкумина повторно му ја киднаа надвор од државава.
Во оваа хистерија на малкуминатасе вклучи и Али Ахмети кој сега почнал да се плаши за можност од селектвност и одмазда на правосудсните органи кон неговиот миленик Груби и затоа ќе барал гаранции. Не ми е јасно како така наеднаш кај Ахмети се јави страв од судиите, кога ги знае кои се и какви се?.
Лично сметам дека зоти Ахмети е мошне свесен дека поднесената кривична пријава против Груби и директорот на лотарија не е селективност и одмазда и дека се работи за барање за правда и праведност. И затоа сакам да го потсетам дека правдата е универзален принцип кој управува со примената на законите со цел да се обезбеди постапување според вистината. Правдата е концепт за праведно и морално постапување кон сите персони и бара праведен третман во сите сфери па макар тоа бил и А. Груби.
Затоа нема потреба од страв и ваков вординг. Херојот Груби нека си дојде дома, нека се јави пред органите на прогонот. Ќе го бараме најчесниот од малку останатите чесни да го води неговиот случај. Се мора и ќе биде по закон. Повеќе и повторно застарување
само на сон.
Проф д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ