Колумни

Политичка понуда! Што ни се нуди?

Се помалку има идеологија, речиси да ја нема со исклучок на една две партии. Речиси и да нема програма, и тоа програма со желба и намера да се реализира. Праксата покажала дека единствено ВМРО ДПМНЕ прави темелна програма и до истата се држи. Сите други таксативно редат што ќе им текне, и во пракса не можат да исполнат ни 10 проценти од ветеното.

Политичка понуда! Што ни се нуди?

Каква е понудата за претстојните избори? Како и секогаш се оди во неколку екстреми. Или се нудат стари и истрошени кадри (не мислам за самите листи, туку и за коалициските партии и ликови од позадина), или се оди на непознати ликови кои се битни само во партиските структури или некаква локална заедница или таргет група, или пак се оди со јавен лик како доктор, професор или некој кој јавноста го знае.

Секако, партиите, посебно поголемите речиси до милиметар знае кој може да влезе кој не, од која позиција, па така и се прават проценките и прераспределбите, кој од каде е, партиската припадност, коалициските, процентот маж/жена, бадинтер (застапеноста на немакедонци).

Токму затоа овој модела, а и самиот систем на селекција е болен, застарен и ретрограден. На страна на тоа, што сите изборни единици даваат по 20 пратеници, а според бројот на гласови, на секои избори глас и пратеник во 3ка и 4ка, тежи многу повеќе отколку оној во 6ка.

Се помалку има идеологија, речиси да ја нема со исклучок на една две партии. Речиси и да нема програма, и тоа програма со желба и намера да се реализира. Праксата покажала дека единствено ВМРО ДПМНЕ прави темелна програма и до истата се држи. Сите други таксативно редат што ќе им текне, и во пракса не можат да исполнат ни 10 проценти од ветеното.

После 33 години плурализам, се уште зборуваме за етнички партии, посебно оние со албански предзнак, но тук имаме и еден куп турски, влашки, ромски, српски, бошњачки партии, кои влушност се само ликови и екипи кои наводно треба да привлечат некого да гласа за одредено купче, секако, се со цел за да откине гласови на некој од големите.

Значи добар дел од партии не служат за политичка борба, туку за политичка штета. Како поинаку да ја сфатам коалицијата на ГРОМ, Интегра и Самка Ибраимовски, или пак ДУИ, Тачи, Сејди и Курто Дудуш? Претпоставувам дека такви ќе има уште еден куп скокања лево десно, ама трагедијата е што веќе не проаѓа. Провидно е и иритира!

За почеток треба да се пушти еден куп партии да ги снема. Големите да не им собираат потписи или да им даваат печати. Сфаќам да имаме 10-15 партии со сила, ама над 40 е смешно. Живо ме интересира со кого ќе оди во коалиција Данела и Нова алтерантива, и што ќе направи на избориве. Се‘ се сведува на некаква Византија и кратење од колачот од едните на другите, со цел на доминација. Ние немаме вештина на преговарање, ниту пак имаме концепт што сакаме да добиеме и каде сакаме државата да ја видиме.

Еве, пробувам да размислам и да сфатам, што јас како Александар сум добил од владеењето на ДУИ? Да, не сум етнички албанец од Македонија, но чим тие влегле во владата, гарант имаат програма и освен борба за јазик, универзитети, етнички врабоувања, знамето на Албанија, што направиле како политички субјект, што е добро за сите?

Да, министерот нивен за екологија ги укина кесите. Ги укина да не се без пари, кеси повторно има, ама ни ги продаваат денес. Тоа е се на што се сеќавам.

Народот мора да се освести и многу повеќе да биде „захтевен“ кон партиите. Да бара кандидатите да се знаат 6 месеци порано, да бара имиња со минат труд и став, да бара решенија системски, да бара одговори и да бара ред и поредок.

И да, полтроните на кои мислењето на некој странски бирократ или претставник им е побитно од ставот на гласачот, треба да се бојкотира и игнорирани. Јас се уште не можам да сфатам дека ваквите СДСМ и ДУИ, после се што направија, после сите предавства, после сите проневери и ујдурми, некој е спремен да ги гласа.

Исто така, не можам да сфатам дека некои истрошени и излижани ликови кои некогаш биле фактор, веруваат дека при враќањето на ВМРО ДПМНЕ повторно ќе бидат фактор на одлучување. Ако! Убаво е да се живее во заблуди, иако знам дека таквите ликови ќе прават штета до прва. Прашање е како идната власт ќе се справи со нив.

 

Александар Ристевски   

To top