Колумни

Не му иде ум, „уопште“…

Не му иде ум, „уопште“…

Стево се самопрогласи за „персона нон грата“ во сите македонски градови. Нов, силен „проблесок“ на ликот кој стана класичен урнек за „Ако сам себе не се зезнеш/заебеш“, нели? А Стеки е мајстор за тоа, сто пати докажано. Катадневна, лоша навика…

„– Иначе, не ви идам уопште ако не водам после првиот круг!“ им свика остроумниот претседател на заминување на делчевчани. Последна средба со нив, засекогаш. Да, пак самиот така „промуќурно“ си кажа, а никој не го тераше да треска вакви глупости.

Да, како што никој не го тераше да лупета дека ако не е претседател и тој би си заминал од Македонија. Како што никој нормален не го натера да каже дека никогаш не го видел Францускиот предлог. Ниту некој му држеше нож под грло да плесне дека на оној кој ќе го смени името на државата „треба да му се земе мерка“. Никој не го тераше ни да паламуди дека народот е стока која ја товараат. Ниту да се самодемантира на секоја втора реченица, најчесто во рок од два часа до максимум два дена. Никој не го тераше ни да стане претседател, нели?

Ете, сега Стево, „Нивниот претседател“, најверојатно ќе ја оправда кампањата и слоганот во неа. По се’ што протече во јавноста, тоа е 100 насто точно. Стево ќе стане претседател. Ама на СДССС, не на Македонија. Аферим, еднаш и тој да каже вистина и да не се самодемантира. Точно, токму така, ова е „Нашиот претседател“, искоментираа на Бихаќќа. Само ваш, да си го чувате…

И сега? Сега СДССС има проблем, ама голем. Ај, што ќе имаат претседател кој ќе мора да ја води партијата во распад, арно ама, ќе мора и да ја води од странство?!?!?! Така си е, Стево ќе мора да се исели по 8-ми мај, а можеби и веќе по погромот што ќе го доживее на 24-ти април. Сам си рече, за греота. Прва антимакедонска партија со преЦедник во егзил. Уште полошо е што во ваков тежок момент за партискатата шклопоција која ќе освои 20 пратеника на парламентарните избори и која по недостигот на власт, моќ и тендери самата ќе се распадне како кула од карти, ќе мора да ја води мигрант…

Или, нема да мора да се исели пустиот ајван со желба за мигрирање? Не ќе мора ли да оди кај Бојко Љубави? Ќе го спасат ли сопствените самодеманти или како и секогаш, ќе го извитопери кажаното?

Стево ќе остане „У“ Македонија. Ама, како претседател на СДССС. Та, тој рече дека ако „не е претседател“, ќе си замине. Вака ќе си биде, партиски или не. Па, никаде не кажа на државата, нели? Битно да е претседател, макар и на партија која набргу ќе брои членство соодветно на куќен совет во Џеваир.

Ете, решено, комуњарите ќе имаат претседател кој не ќе мора да ги раководи од „иностранство“, и тоа го средивме.

Друг проблем е што Стево ќе мора да биде во самоназначен домашен притвор во Скопје, оти не ќе смее да „иде УОПШТЕ“ по сите македонски градови затоа што секаде ќе изгуби ко Грчка. Така си е. Самиот си кажа. Значи, ако не победи и „ВОДИ“, нема да доаѓа во градот. Уште „позначи“, ќе биде првиот партиски претседател кој ќе живее и ВОДИ партија од седиште на партија.

Само, има уште еден, бааги поголем проблем. За да Стево, „Нивниот претседател“ може да биде партиски СДССС преЦедник, сепак, зградичето на седиштето на Бихаќка ќе мора да се прогласи за екс-територијална, некаква си северџганистанска зона ли, ќе се снајдат самите. По урнекот на странските амбасади. Ова ќе биде последна оставштина на она на „С“, атавизам на една непостоечка држава-утопија среде Македонија.

Чуму така? Епа, Стево и во Скопје ќе доживее невиден дебакл, а ако не „иде уопште“ каде „не води“ и каде доживеал пораз, не ќе смее ни овде да припари. Таксират самодемантирачки и самозаглавувачки. Нема спас, она кога сам ќе си го збибериш. Или уште поверојатно, ќе демантира дека го кажал тоа околу „идењето“ и „водството“…

Туку, ја знаете онаа: -Мајсторе, донесов телевизор, има тон, нема слика. Што може да биде? – Може да биде радио.

Новата е: -Мајсторе, донесов телевизор, има слика, нема тон. Што може да биде? –Може да биде Стево…

To top