Лошите навики се тешки за одвикнување, а пушењето не секому му штети на здравјето. Пусти Црпко, пак, никако да се откаже од лошите навики. Не само во продажбата идентитетски одредници, коленичењето и верглањето на она грдотијата на „С“, силно пропратена со 7-годишен тежок арамилак и антидржавен „лева рука, десни џеб“ , тендери, грантови, марихуани, симултано со ломотење патетики и црни бисери. Навикнал и да команда хохштаплерот, да реди се’ во партијата. Па така, по навика, Црпко пак си сака да црпне нов лидер на СДСССС. Црпнат од неговата „нива“, се разбира, овојпат берба 1977-ма. Новоцрпнатиот лик кој Црле го токми за нов водач на партијата во распад се одзивал на Филипче. Да. Уште еден деминутив во низа…
Прво, беше Другарче (прекарот на Заев во партија), па Таче, а следен на „списак“ по ургенција на првосеверезираниот е Филипче. Многу ЧЕ во приказната, која нема никаква врска со Гевара, ама има со маленкоста на тројцата наведени. Буквална маленкост, помаленкост, здравје. Ви текнува Зоче фатени за раче го шеташе ајванот Таче како стара удавача по собири и го „упознаваше“ и претставуваше тогаш новиот лидер на СДСССС?!?!? Е, новата маленкост и деминутив да ти знаел да вози мотор, па затоа не го шетале фатени за раче, туку си возеле заедно. Клубот им се викал „Северни арамии“, а грбот им е составен од слика на пари врз корона и марихуана. Силна симболика на братството…
Иницијацијата на Венче во ЧЕ, тајното друштво на антимакедонски фејк-масони трае со години. Не бадијала, Заев инвестираше во мото-наобразбата на докторчето кое пред авантурите со Црпко Први најмногу се беше качил на скутер. Не џабе беа сите оние тури по Македонија за време на короната, нејсе што во исто време луѓе умираа како пилци, уште понејсе од што. Се’ започна со возење квадови по планините, времето кога двајцата северни ќелеши и инстант-бизнисмени не знаеа и имаа силна фуфка да возат на две тркала, па се кочопереа на четири. После, купија бе-ем-виња од над 30 илјади евра, за да селскиот чалам не изгуби на ниво. А, да, чуле и дека се толку добри што „сами возат“…
Од друга страна, кога ќе размислите, ова е сосема оправдан и следствен чекор на она што се случува во СДСССС, крајно забеганата, опортунистичка направија создадена за девастација на Македонија, која во моментот го „јаде стапот“ на старото правило „кој на друг гроб му…“
Логично е, интересџиската партија која се сведе на членство помало од куќен совет на Џеваир, да си има и лидерче кое ќе им прилега. Та, малечка партија си бара деминутивче, нели. Од човек, се разбира, а не е на одмет и да има ЧЕ некаде во име, презиме, прекар ли. Полн погодок. Партиичка која од 700 успеја да собере саде двесте делегати и која од 80.000 наводно членство сега паѓа во несвест со едвај 6.000 за Конгрес пријавени упорни лакрдијаши кои слепо веруваат дека некогаш, макар за 100 години, ќе се вратат на власт за да добијат тендер, грант, унапредување или вработување. Штета, што тогаш нема да бидат живи, но ова наликува како дијалогот во „Глупавиот и поглупавиот“, кога на одговорот „еден наспрема милион“, Лојд (Џим Кери) е пресреќен што „има“ шанси кај девојката. Така и „тврдокорните“ есдеесовци со власта…
Затоа, на партија која е толку зипувана и смалена што слободно ја собира во ташничкатана Спорт Били, ко „саливен“ и прилега уште еден лидер со ЧЕ. Дел од несветото тројство кое, така далеку од власта и со пратеничка група за коај ПАСОК е поим и желба, овојпат и за промена, треба да ја дозакопа и доуништи само партијата. Доста си играа и истото и го правеа на Македонија.
Кармата е кучка, не бадијала. Па така, во исто време кога Македонија, полека, но сигурно, се враќа во нормала и кон вистинските вредности, овој чин да биде проследен со допирањето на дното на нејзините довчерашни, орни уништувачи во обид. Па, ќе ги гледаме патетичните Венко и Муртинхаузен во коленичарска мисја како крекаат во Грција и голтаат без да џвакат со дигнитет на ниво на Миа Калифа, Лошила Кацарски како кенкаат по заминување од наградни функции, судии како завршуваат во притвор, Наумчиња како се прпелкаат во сопствени каши од ваучерски арамилаци, сето контра ученици и полициски питомци како пејат „Бисер балкански“, Мицотакиси во ролја на бапчорки и Артанчиња во илегала исчезнати од радар.
Знам дека ви фалат суратите на вицепремиерот кој вози комшиски аута, Путерџијата Љупче и магарињата на Димова. Тие и ќе останат како единствен спомен од оваа пролупана, опортунистичка гарнитура. Во меѓувреме, нека кршат глава и нека си избираат/местат нов најќелепур за преЦедник, за заштита од судски прогон, оти следува „клупа“, па ќелија…
Да не се повтори, никогаш. Во Македонија 7 години гледавме дека било вистина, да, најкористено, најнековенционално и најлошо ружје на светот се луѓето од мал калибар…