Колумни колумна

Македонско „дежа ви“

Аирлија будење! Пропратено со „дежа ви“ чувството дека повторно имаме држава. Прекрасно чувство…

Македонско „дежа ви“

Го имате ли она „дежа ви“ чувство дека работите се повторуваат, дека ова што ни се случува веќе ни се случило? Ремисценции на едно време кога Македонија беше држава, она време пред  да станеме7-годишен протекторат. И што требаше за да се врати чувството? Ништо посебно, само требаше да излеземе на избори и да избереме вистинска, македонска влада. Било толку едноставно…

А, Ангелина Џоли и Ричард Гир најдоа замерки на реформите во македонскиот судски систем, истите оние чии претходници (џес брате, џес Бејли и Аиво кој насила се правеше ќОрав) ни ја востоличија и и’ целиваа нозе на чарлиевата ангелка Катица Јанева алијас Кејти Џејн, дибидус и апашка со просек 6 која праведно заврши зад истите решетки зад кои неправедно смести цела армија патриоти и родољупци…

Туку, едно не ми е јасно, до вчера фрлаа со дрвја и камења по истиот тој Судски совет и Совет на јавни обвинители, го ругаа, ги правеа недоветни, корумпирани и октроизирани. Она што се, биле  и ќе останат. А сега, нов филм? На што се должи оваа инстант промена? Аууу, да бе, ми текна на вчерашните терористи кои за еден ден пораснаа во борци за човекови права. Така, и овие арамии и хохштаплери скриени во судска и обвинителска кожа станаа демек вистински судии и обвинители, јаз’к…

Арно ама, има и една разлика, нешто што толку недостигаше овие мачни седум лета. Она што ни фалеше на сите. Она, затутулено-замумулено, стуткано, зафрлено и заборавено во сефовите полни со украдени народни пари. Непокорот. Она НЕ! И го чувме, благодарение на новиот ни премиер. Алал вера, ашколсум…

А, времето на реминисценции од минатто ќе трае, не грижете се, секирајте уште помалку. Од септември, „пошто“ сега се на грчките плажи, ќе го чуете новоактивираниот лелек на НВО-бандата. Ќе си слушаме бапчорски дејанија од Џабировци, Тричковци и Урании, орно поддржани од специјалната медиумска чета Борјановци, Сашиња и други платеници. Загрижени душички со полни џепчиња пари од амбасади и проекти, колку сакаш. Ви фалат многу срцките, нели?

Без гајле, временската прогноза најавува доумерено облачно време проследено со сијасет северни драми, повраќаници, лажни вести и што ли не. Цепки северни, само да мине летото, затоа што сега е претопло, а тие така нежнички. Башка што плажите по монденските места ќе останат празни…

Се надеваме дека ќе се изнаслушаме и за случаи кои нема да останат саде реминисценција, туку ќе се конретизираат во обвиненија. Како онаа фрапантна вест дека планирале бугарска пруга која ќе сруши пола Крива Паланка (може и ќе ја исправи), ќе чини 24 милиони евра километар и ќе заврши во планина. За кој план, некој треба да го јаде стапот, ама некастрен.

Дека будењето на Македонија, пропратено со странски инвестиции, реформи, работа и идеи некому му пречи, посведочија и Јужните ни соседи. Секој ден кенкаат и корнат коси околу она на „С, а всушност, ни поставуваат сопки за да не пркнеме. Знаат Тројанците дека не ќе можат да се справат со економски стабилна Македонија со саглам правна дежава, Влада и освестен национален дух. Белким, така и дволичниот Брисел, конечно, ќе смени лента.

Оти, таква пркната Македонија не и одговара ниту на Грција, ниту на Бугарија. Тогаш, нема да им минуват сељачките и мизантропски уцени со муртински Преспански капитулации и демек Француски предлози. А кукаат, оти коленичарската направија на безрбетните Таче и Другарче Црпко замина во историја. Сега се крстат во враќањето на сцена на новото деминутивче, Филипче. Не бадијала, неговата инаугурација за преЦедник на СДСССС беше среде Атина, каде Муртинхаузен му го претстави наследникот на менторот  Ципрас… Нека се крстат, „мало сутра“ ќе рече северната комуњарска сива еминенција, која пак си намести полтрон, соучесник и совозач на тронот, за да ја штити од законски прогон за сите дубари и далавери со кои силно си го уновчи северезирањето на сопствената татковина…

Да не се лажеме, нема да биде лесно. Новата влада има тешка, претешка задача. Треба многу волја, елан и макотрпна работа за да се справиме со сите кукавичји јајца кои ги остави најнеспособната влада во историјата, навиена саде да грака „северна“ и со тоа алиби да краде ко улава, оставајќи го системот да се самораспадне. Уште една грда реминисценција на нивното владеење е бруката која се случи во Албанија, каде новокомпонирани Бугари се изнародија ко печурки по дожд само и само благодарение на тоа што Заевци со години не мрднаа со прст. За да не го навредат семоќниот генерал Радев и компанија, оти многу бизниси таму имаат Зоче, Венче и бандата.

Да, будењето на Македонија разбуди многумина, прашајте ги Дуевци, каде многумина од членството веќе следниот дена се разбудиле како Влен. Чуле дека ќе паѓаат глави и оти некој ќе оди во ќорка.

Аирлија будење! Пропратено со „дежа ви“ чувството дека повторно имаме држава. Прекрасно чувство…

To top