Колумни

Македонија треба сама да инвестира во своите енергетски и инфраструктурни капацитети

Македонија треба сама да инвестира во своите енергетски и инфраструктурни капацитети

На мое големо задоволство, а се надевам и на севкупната македонска јавност, пропадна обидот за градење на браната Чебрен од страна на грчката држава, со давање на ХЕЦ Тиквеш на 60 години.

Да не се разбереме погрешно, јас не се ситам на неуспешен проект, туку на отуќување на нешто што веќе го имаме и за давање на бодените ресурси и електричната држава, која ни е сосед, но де факто не ни е пријател, плус огромните загуби кои би ги имале, а јачањето на јужниот сосед.

По ист принцип како оваа неспособна власт, без мек кредит или грант реши да гради автопати, на инстиот начин може да ја јача енергетиката и водостопанството. Да, со двете раце за голем Чебрен или Чебрен и Галиште како поврзани брани, претходница на Тиквеш. Да, за Луково поле и Бошков мост како претходница за Врбен, Равен и Маврово, кои беа изминатите десетина години опстриурани поради наводни еколошки и биодиверзитетски прашања, иако доколку се сака и се вложи  некое евро плус се криераат и коридори за животните и се заштитува и флората и фауната. Денес, се е изводливо, доколку се сака и се знае, а се има волја за задоволување на сите стандарди.

„Да“ и за брани по течението на Вардар и проектот Вардарска долина. „Да“ и за качувањето на пругата на повисоко ниво – кота (поради браните), и брза пруга во два правци по целата должина од српска до грчка граница. „Да“ за нова автопатска делница од Катланово до Велес, паралелно со делницата Велес Скопје, за да конечно имаме вистински автопат, а не онаа импровизација која е ризична за возење над 80 на час. „Да“ за гасификација на ТЕЦ Неготино, но и за РЕК Битола. „Да“ за ветерни паркови. „Да“ за фотоволтаици. „Да“ за сончеви колектори. „Да“ за енергија од отпад, биомаса. „Да“ за неоданочување за хибридни возила и целосно електрични коли, со ефтини или песплатни полначи насекаде низ државата. „Да“ за целосна електрификација на железничката мрежа. „Да“ за осветлување на патиштата и автопатите со соларни светилки. „Да“ за приклучување на Македонија на што е можно повеќе гасоводи.

На ваков проектиран буџет, доколку 10 години инвестираме 10 до 15 % од истиот во енергетика и инфраструктура, ќе вратиме илјадници инжењери и стручна работна сила од цел свет назад во Македонија, ќе дојдат и нови кадри од разни земји, ќе ојача и ќе се ревитализира цел градежен сектор, а техничките факултети ќе доживеат ренесанса.

Не мора носители на проектите да бидат строго македонски компании. Нека има меѓународни тендери па нека дојдат германци, французи, шпанци, американци, турци, ама да се бара барем 50-60 % од колачот да оди кај македонски фирми. Странците ќе донесат технологија и „know how“, а нашите ќе работат, заработат и ќе се модернизираат. Пола опрема ќе остане трајно тука.

Нека направи некој есап колку оваа влада даде пари за да не рипне вртоглаво струјата за граѓаните. Стотици милиони евра отидоа во странство за купување струја. Нека направи некој есап колку пари лапнаа неколку домашни фирми кои препродаваат струја. На грбот на државата милионери станаа трговци.

Зошто „Земјата на сонцето“ не живее од истото? Зошто земјата која блика од вода, не ја искористи истата? Кога ли ќе ни дојде паметот и кога ќе престанеме да си ја распродаваме државата? Кога некој ќе одговара? Дури треба да се стави во закон, дека се она што во политичката понуда партиите го немаат во програма, дека не може да го тераат. Исто така, би забранил со закон да се продаваат на странците водените ресурси, или дека не може да поседуваат повеќе од 50 % во компании од тој тип, и да изнесуваат профит од државата. Истото се однесува на водоводите,  хидро системите и водостопанствата. Истото, секако и за депониите. Не може да после 30 години независност да имаме само една депонија и таа упорно сакаме да ја дадеме самите на странци. Несфатливо.

Доколку сериозно како држава се зафатиме со сево ова кое го пишувам, невработени нема да има, а сите ќе имаат повеќе од добри плати. Тогаш нема да сонувате за Швајцарија, туку ќе се живее во место кое и подобро и поубаво од истата. Единствено што треба е политичка волја, сево ова да се истурка, да се постават цврсти и решителни луѓе кои ова ќе го реализираат, и контрола да при реализација не се импровизира и не се украдат пола од парите дадени.

Македонија мора да е држава со брз, фукционален и еко превоз. Во Македонија треба да може да се стигне во било кој правец, од еден до друг крај за не повеќе од 2, 2 и пол часа. Македонија мора да има ефтина струја, ефтина вода, и ефтино овошје и зеленчук. Македонија треба да забрани со закон увоз на отпад. Доколку Македонија има џабе струја, вода и одличен превоз, може да има ефтино, а исплатливо, земјоделие и сточарство. Треба да се забранат оние скапаници од комбиња и автобуси кои оперираат низ државата, а меќуопштинскиот превоз да се обавува со автобуси нови од домашно производство за кои државата би ги превзела каматите за кредити и превозниците да почнат да купуваат возови и да ги користат пругите. Тетово, Гостивар до Кичево, прека Куманово кон српска граница, а да се надеваме во брзо време и ко Крива Паланка, како и кон Велес, Градско, Неготино, Демир Капија и Гевгелија, доколку возовите се чисти, климатизирани и брзи, секој би ги користел, а не да се стиска во автобус. Секако, и за Прилеп и Битола. „Пелагонија експрес“ со три запирања стигаше во Скопје за 2 и пол часа, што е цел сат побрзо од старите автобуси на Транскоп.

Оваа држава има потенцијал. Има и ресурси, и природни предиспозиции, и луѓе со капацитет. Само треба помалку да се краде, а повеќе да се работи на долгорочни стратегии. Се надевам дека секому веќе се отвараат очите и дека природната селекција ќе си го направи своето. И во партиите, и во екипите, друштвата, меѓу гласачите. Доста беше денес за утре. Покажете самите малку визија.

 

Александар Ристевски

To top