Колумни колумна

Лажната демократија на европската радикална левица

Лажната демократија на европската радикална левица

 

Речиси сите ние, посебно оние повозрасните, педесеттина години наназад, растевме и созревавме со сликите на “демократска“ западна Европа. Со сликите на демократијата која преку малкуте медиуми ни беше сервирана како највисок степен на развој на човештвото, како благосостојба на телото и умот, како конечно стекната целосна рамноправност за сите граѓани на “демократска“ Европа.

За жал, верувавме. Верувавме и чезнеевме час поскоро да станеме дел од таквата “демократија“, да живееме во розевата иднина сервирана преку малкуте, но, се покажува денес, добро контролирани медиуми.

И, воопшто не се запрашувавме, зарем е можна таква “врвна демократија“ во држави кои, колонизирајќи други држави, на маката, потта, крвта и несреќата на тамошните народи, ја граделе својата држава, својата среќа, својата благосостојба. Воопшто не се запрашувавме како може оние кои преку инквизицијата бездушно и најсурово ликвидирале милиони свои неистомисленици прогласувајќи ги за “еретици“, денес да “почитуваат“ различни мислења и ставови. Воопшто не се запрашувавме како може оние кои милиони жени запалија живи на клада во својот безмилосен “лов на вештерки“, денес да се најголемите промотори токму на женските права. Не се запрашувавме како може оние кои до скоро продаваа човечки суштества како робови, а мали дечиња со црна боја на кожата држеа затворени во кафези низ зоолошките градини, денес да се главни промотори на почитување на различностите, задскриени зад “емпатија“ и безрезервна “љубов“ за сите. И конечно, не се запрашувавме како може оние кои ги создадоа првите екстремно богати поединци, на кои, за жал, им се воодушевувавме и уживавме во нивниот “гламур“, денес да ни продаваат приказни за социјална правда и рамноправна распределба на светското богатство.

ВОЛЦИ ВО ЈАГНЕШКА КОЖА

Денес, денес кога, за среќа, меѓу строго контролираните медиуми, ѕиркаат и медиуми кои ја промовираат вистината; кога, преку социјалните мрежи, храбри вистинољубиви поединци ја прикажуваат вистинската европска “демократија“, ризикувајќи да бидат анатемисани, прогонувани, па дури и затварани; кога храбри мажи се спротивставуваат на современата дигитална инквизиција; кога храбри жени се спротивставуваат на современиот медиумски “лов на вештерки“; вистината, полека но сигурно, излегува на виделина.

А, вистината е повеќе од застрашувачка. Вистината е дека токму лажната демократија е параван зад кој се задскрива оној мал промил сопственици на 95 проценти од светскиот капитал,  кои, преку ултракомунистичкиот тоталитаризам на радикалната левица, вршат обид светот да биде завладеан од еден центар, односно токму тие да бидат светските владетели.

Па така, во моментов, додека ни зборуваат за демократија и за загроза од “авторитарните“ режими на кои, според нив, припаѓаат сите кои се наоѓаат надвор од нивната евроатлантска “слободна“ и “демократска“дружина; додека најбезобразно им забрануваат учество на избори на сите поинакумислечки поединци и партии; додека своите неистомисленици ги судат и казнуваат со затворски казни преку политички монтирани процеси; додека организираат “револуции“ обоени во најразлични бои во сите држави кои имаат раководства кои се грижат за националните интереси на своите суверени држави; додека го приватизираат дури и Нобеловиот комитет, му наметнуваат политички контролиран избор и, Нобеловата награда за мир ја доделуваат на нивни . активист и јавно таргетираат легитимно избрана власт во Венецуела за отстрел и, додека се обидуваат да ја ескалираат војната во Украина, за на истиот начин како што го вовлекоа светот во Првата и Втората светска војна, да го вовлечат во Третата, можеби и последна за човештвото, светска војна, го практикуваат тоталитаризмот со највисок интензитет.

Имено, со трите најголеми европски држави, со Франција, Велика Британија и Германија, во моментов владеат “демократи“ кои имаат поддршка од едвај петнаесеттина проценти од сопствените граѓани. Владеат со репресија, со монтирани судски процеси против политичките противници, владеат со идеологија со која огромното мнозинство од нивните граѓани не се согласува. Владеат со “идеологија“ која треба да ги уништи децата, традиционалните семејства, верата и националните идентитети. Владеат со најкарактеристични тоталитарни методи во обидот да го воспостават “новото нормално“.

Зошто го пишувам ова? Го пишувам затоа што и во Македонија европската радикална и тоталитарна левица има свои претставници кои со гордост се претставуваат како “новата македонска нормалност“. Се претставуваат како политичка сила која ќе ги уништува нашите деца, нашите традиционални семејства, нашата црква и божјите храмови, нашиот национален идентитет промовирајќи “интернационализам“ што е синоним за глобализмот преку кој тој промил најбогати луѓе на светот се обидуваат да завладеат со сите нас.

Радикална левица која сака да ни ја уништи традицијата, да ни ја уништи духовноста, лажно, како волци во јагнешка кожа, промовирајќи социјална правда и рамноправност, а притоа самите, тонејќи во хедонизмот како ненаситност од материјални богатства, од скапи џипови, часовници, брендирани облеки, мобилни телефони…

Го пишувам во обид да ве повикам сите заедно да застанеме на страната на нашата традиција, на нашите деца, на нашите семејства, на нашата Црква како последен столб на македонското постоење. Да не го дозволиме “новото нормално“ кое и преку локалните совети ќе се обиде да ни се протне незабележано.

Духовноста, како спој на верата, традицијата, воспитувањето, како најсигурна брана во битката против најразорната дрога која ни ја уништува државата. Дрога која, со своето скратено име ККНП, ни се тркала по улиците и чии дилери неказнети уживаат во своето богатство. Таа најразорна дрога која во својата кратенка ККНП ги содржи КОРУПЦИЈАТА, КРИМИНАЛОТ, НЕПОТИЗМОТ, ПАРТИЗАЦИЈАТА, а чии дилери се носителите на локални и државни функции. Дрога која ни ги брка нашите деца од државава.

Да ја уништиме пред таа да не уништи нас!!!

Страшо Ангеловски

Претседател на МААК

 

To top