Колумни ЉУПЧО ЦВЕТАНОВСКИ

Ќелепури, со тапија…

Зборот „ќелепур“ е турцизам, еден од оние 3.000 зборови кои се дел од македонскиот јазик, повеќето во пасива. Еден збор кој звучно, а уште повеќе значенски, толку пластично ја опишува оваа ќелепур влада.

Ќелепури, со тапија…

Зборот „ќелепур“ е турцизам, еден од оние 3.000 зборови кои се дел од македонскиот јазик, повеќето во пасива. Еден збор кој звучно, а уште повеќе значенски, толку пластично ја опишува оваа ќелепур влада.

Значењето на „ќелепур“ е „Она до што се доаѓа на лесен начин, без многу труд и трошок…“ Ќе признаете, нема подобар опис за нашиот ќелепур премиер кој на оваа висока функција дојде без апсолутно никаков труд, не киснејќи на ниту еден митинг, никогаш кандидиран, никогаш избран, на полесен начин – здравје.

Истото ќелепурство е неодминлив знак на препознавање на целата оваа ќелепур-гарнитура, која прво (во 2017-та) не ни победи за дојде на власт, за да во 2020-та со сесрдна помош на корона-кризата и симптоматичниот „пад на системот“ повторно завладее со Македонија. Дарено време за доуништување на земјата која некогаш беше држава…

А, она што е дарено и без мака, не трае, па така ултра-неспособните ќелепури следната година доживејаа дебакл на локалните избори со траснувањето од земја кое им го приреди народот. Арно ама, ќелепурите да ти немале срам, а чест уште помалку, та наместо со главите надолу да одат на предвремени парламентарни избори по изгубената доверба и масакрот на локални, тие одглумиле „ремонт“ во одродената партија, па Црпко Први го фатил за уши Црпко Втори алијас Ќуран и го извлекол од шеширот. Анонимен ајван кој не го познавале ни во СДССС, не случајно избрана дилајла со антимакедонски потенциал кој се мерел во тони, поќелепур – здравје. И така, „ничим изазваним“, што би рекел северните соседи на насила северизиранаа земја, суртукот си станал премиер. Ни помалку ни повеќе…

Суртук? Повторно турцизам кој значи „Недоделкан, груб, суров и неугледен човек“. Ви „текнува“ на некого со овие карактеристики? На еден суртук кој се смее зад грбот на министер среде прес-конференција, инфантилно човече кому расправањето и делењето ум на новинари му стана навика, лик кој се кљафти ко незрел кога друг премиер го ребри и го нарекува премиер на Западна Бугарија, политикант кој нема реченица во која не утнува барем два збора…

Веројатно, паниката и нервозата кои пластично се оцртуваат во фацијалната експресија на суртукот кој никогаш не ни сонувалдека некогаш ќе стане ќелепур премиер паралелно со функцијата ќелепур претседател на партијата составена од армија ајвани (турцизам – неработник, безделник) која премина во царство на шибицари (србизам – човек без визија, знаење и морал), лик кој е опортунистички престолонаследник на црпнатиот, самозамислен хохштпалер (германизам – измамник со голем стил) Црпко Први, не е случајна, а уште помалку неоснована.

Уште поверојатно, не е убаво да сте во кожата на најкорисен идиот сместен во десет броја поголеми кондури, кој колку и да е суртук, сепак полека но сигурно сфаќа дека времето му минува, а задачата заради која го сместиле во несразмерните и веќе излижани обувки ни одддалеку не е извршена.

И сега, Таче се кљафтел како шапшал (турцизам – невешто, неспособно лице) зад грб на Бектеши среде прес-конференција додека министерот објаснувал како ќе се преброди кризата со 20% зголемена цена на руски гас од „братска“ и администраторска Бугарија?! Истите оние заради кои Ќурка беше поставен (истресен од ракаквот на Заев) за да ги внесе во Устав? Ќе се прашувате дали и на што е ќелепурот? Оној со парафирана тапија за трајна неспособност, сега овенчан и со тапија за нај-ќелепур, неприкосновен ќелепур-шампион?

Не е прашањето НА што е, туку ВО што е. На нешто е нон-стоп, тоа е видливо, сега е и ВО ПАНИКА. Парадоксално, одраз и израз на нервоза од она што следи во иднина поради игрите со минатото. Северен таксират (турцизам – несреќа, неволја). Грдата судбина на корисните идиоти кои веќе не се ни корисни. Тогаш остануваат само…

Северни идиоти.

To top