Колумни

Или ќе се оправи системот, или се‘ нека оди во…

Факт е дека имаме севкупно контаминиран систем, и каде се  е нездраво. Немање ред, немање критериуми, секојдневни злоупотреби, па дури и да ставите министер, директор или некој друг висок службеник, неретко злоупотребите знаат да ги прават токму оној трет ешалон на владетели, сокриени зад превезот на професионалноста, тврдејќи дека сите се исти, и дека сите така прават, а токму таквите се директниот линк помеѓу обичниот народ и функционерите.

Или ќе се оправи системот, или се‘ нека оди во…

Поминаа дваесет месеци од доаѓање на новата Влада, или нешто повеќе од година и половина. Тоа значи дека Владата ќе биде на половина од мандатот во јуни. Приметувам раздвижување и промени, иако можеби според очекувањата од јавноста и обичниот народ тоа оди споро, или е неприметно.

Но, ајде да видиме што всушност се прави! Еден од најголемите проекти, кои суштински влијае во нашето секојдневие е „Сејф сити“. Да, споро е, монотоно, помалку и стресно и укочено, но факт е една работа: дека кога се сака може да се вози одговорно. Се помалку ликови со мобилен во раката додека возат, ретко мој минува на црвено, а речиси и да нема лудаци како порано кои возат над 100 на сат во град. Од 110.000 прекршоци во еден ден, на 5000 за една недела, и не е така лошо.

Факт е дека имаме севкупно контаминиран систем, и каде се  е нездраво. Немање ред, немање критериуми, секојдневни злоупотреби, па дури и да ставите министер, директор или некој друг висок службеник, неретко злоупотребите знаат да ги прават токму оној трет ешалон на владетели, сокриени зад превезот на професионалноста, тврдејќи дека сите се исти, и дека сите така прават, а токму таквите се директниот линк помеѓу обичниот народ и функционерите.

Токму затоа мора да има одговорност на секое ниво, но и контролни и заштитни механизми, кои нема никого да амнестираат од одговорност, а истото ќе функционира брзо и функционално, без да заглавува во бирократските лавиринти.

Што ми е поентата? Гледам дека многу од нештата за кои актуелната власт се залагаше во предизборието се тераат, но одат тешко и споро, пред се ради опструкциите кои неретко се случуваат од внатре во системот, затоа што многумина се свесни дека многу нешта се знаат, ќе бидат санкционирани, или веќе нема да проаѓаат.

Можеби обвинителствата за многу нешта беа на тапет, како и Советот на обвинители, па и самото судство, и Судскиот совет, и жалбите дека се нема за помошен персонал и слично, но доколку погледнете колку обвиненија паѓаат, што се не се процесуира, а како други случаи експресно се туркаат, ќе сфатите дека и во нивните редови се тера политика, но и дека не е се според словото на законот. Дури и 90% од лицата да се прва класа и професионалци, вината е повторно внатре што дозволуваат тие други 10% да доминираат и контаминираат. Последните јавни настапи на неколку лица во јавноста, само потврдија што се случувало изминатите неколку години. Затоа и народот не им верува ич!

Побитно е што се креираат системски закони и решенија со кои се обрнува поголемо внимание на знаењето, стручноста и професионалноста, се гледа да се елиминира субјективното влијание и непотизмот, но и принципи на кариерен раст. За жал, приметувам дека одредени стари навики не престануваат, во смисла на јавувања, лобирања, притисоци, но и формат, каде изборот е од старт познат, или пак обидот за опструкција за влез на квалитетните кадри.

Факт е дека низ годините луѓето изгубија верба во приватниот сектор, пред се ради бројни злоупотреби на новопечените газди, кои немаа усул за работнички права, па и таа плата која ја земаа, на дел од работниците им беше вадена низ нос, а реперкусиите од сето тоа го гледаме прво со намалениот број на семејства и деца, но и преку селењето на владите во странство, дури и по секоја цена. Доживеавме од држава која пред само 15 години имаше 40% невработени, да денес не може да се најде помошно технички персонал, дури и сезонски за угостителската дејност. Се она што газдите не го плаќаа и злоупотребуваа кај работниците, им се удри од глава. Сега наши се над 10 илјади во Хрватска, и уште толку на Малта, а нам ни работат ликови од Азија.

Владата има повеќе од половина мандат за да воспостави ред и систем, и владеење на право на цела држава. Се надевам дека општините и градот Скопје преку новите генерални урбанистички планови ќе обрнат многу повеќе внимание на хуманоста во живеењето отколку во профитите на малкумина. Самите избрани градоначалници, но и советници ми даваат некаква надеж за тоа. Јавноста е тука да критикува и ревидира.

Одлично е што се работи на набавка на нови автобуси, медицинска опрема, пожарникарска, комунална, а следно е претпоставувам и работа на идни пречистителни станици, санитарни депонии, како и колекторски системи. Низ годините, паднавме на дното кога е екологијата во прашање.

Мило ми е што од темел се реформира и образованието. Основата и концептот не се лоши, но треба да се добие се општ консензус и да се прифатат и некои забелешки, да се тера. Посветено и истрајно. Дното е веќе достигнато, сега се обидуваме да излеземе од калта, и да дишеме на шкрги.

Народот даде шанса да, сметам последна, за да оправи Македонијава наша, каква таква, каква што остана, ранета и осакатена од лопови, предавници и клептомани. Нема играње, нема отстапки. Само строго и бескомпромисно. Ова може, е‘ и треба да остане едно убаво место за живеење. Една ни е Македонија, да си ја чуваме!

 

Александар Ристевски

To top