Колумни

Delusional disorder

Во светот, каде како виновници за сите неуспеси на власта се менувале народот, опозицијата и новинарите, децата имале учебници. Замисли, на крајот на годината добивале и свидетелства. Таму, не важела старата Фројдова вистина дека бессрамноста е прв симптом на глупост.

Delusional disorder

За добар политикант нема лоша хејтерска помија. Исто како што и на лош политичар му сметаат новинарите. Претходно беше народот. Пред него опозицијата… Да, виновник мора да има, затоа што кај најнеспособниот екс премиер и претседател на партија на исчезнувањее никогаш немало и нема да има вина. Пустиот Ќуран си е совршен, безгрешен, најубав, најумен и најдобар. Точка.

И така, соочен со близината, вистината и реалноста на катастрофален пораз на парламентарните избори, крајно избезумен од фактот дека беше класичен кондом за една употреба, пустиот престолонаследник никако не можел да се помири со вистината дека по 8-ми мај оди во заборав. А по тоа следувала одговорност. Брррррр, страшно нели? И што ќе прави натаму во животот, без премиерлук, напуден од партија?

Си барал опци, чаре. Нема, нема, па се обидувал да се замисли како со БМВ „тракторот“ на Заев со плуг ги ора фотоволтаичните полиња на сопругата, ама му текнува дека таа си ги купила со свои пари. Нема ни да му дава ни од парите, та нејзини си се. Статива…

Туку, се замислил СДССС мисирот, што ќе прави после поразот очебиен? Од авион се гледало дека ќе губат „ко Грчка“, на времето. Докторската титула купена кај Мило, може ќе го вработи некој? Тешко… А, може Црпко ќе го вработи или земе кај себе, па дури и да го посини? Чуму не, па пресолонаследник го стори? Јок, се’  бива, ама на Муртинхаузен во џеб да не му пипнеш.

И така, пошто не му бегала портирницата во СДСС на Бихаќка, најсоодветно работно место за неговите капацитети, Таче заради душевен мир морал да си создаде сопствен, иреален свет. И онака, бил податен за т.н. delusional disorder. Уште повеќе, станал пример за неа.

Во тој измислен свет, Ковачевки тепал на избори и пак бил премиер и преЦедник на СДССС. Во истата таа фантазија, сите лажеле за реалноста во Македонија. Новинарите најмногу. Универзитетските професори биле втори, а народот и опозицијата нон-стоп и’ правеле подметнувања на власта. Во фантазијата на Таче, економијата била супер, платите одлични и европски, а граѓаните презадоволни од живејачката. Никој не се селел во странство, не се живеело со 100 денари на ден, не па со 50. Во оваа фантазмагорија, сите го почитувале и сакале Ќуран, а 99% од луѓето имале доверба во власта.

За судството и обвинителството, да не правиме муабет, тука, ама сите, абе 100 насто без размислување  ја давале десната рака и довербата за безгрешноста и правичноста на секој судија и обвинител. Во измислената земја на Таче, на лекар се одело со ќеф и песна, затоа што се знаело дека ќе поминеш прекрасно и со сите нишани, без турканици, гужви и недостиг на лекови, термини, кревети и старата македонска лекарска „уби боже“ и „зошто си ме мајко родила“ класика. Во фантазијата на мисирот, извршителите не орале по Макеоднија, туку не ни постоеле ко фела, се си било тамам, никој ништо не должел. Работниците ги имале сите права, а власта во спрега со судството не им ги узурпирала и крадела реботничките домови.

Во таа убавина, сите бранши ја величале власта, уживкале и социјалците, земјоделците, железничарите, текстилците, а да бидеш пензионер било нирвана. Да, замисли, во Тачевиот свет дедовците и бабите имале пари да им купат сладолед и чоколадо на внуците.

Во оваа фантазија, немало политички затвореници кои на правдина чмаеле по затворите, политичарите не краделе ко улави, а самите зандани изгледале како ќелијата на Брејвик. Во Тачеманија, државата градела по 1.500 километри патишта годишно, имало ултра-модерен автопат до Охрид, дупка на улица била незамислива, а полицијата работела и нешто друго освен што казнувала граѓани за брза вожња. Таму, во идеалниот комос на Ќуран, тендерите ги добивал оној со најдобра понуда, не обратно, а местенките биле незамисливи. Во светот создаден во главата на Ковачевски, не Ахмети, туку тој лично ја раководел државата, таму Артан Нежни не го возел аутото на соседот, туку имал свое, не местел игри на среќа и не тепал македонски деца на Кале. Во оваа направија, немало непотизам, кронизам, клиентелизам, а 90 проценти од граѓаните сметале дека нема ни корупција. Во оваа утопија сите имале пасоши, лични карти, возачки и сообраќајни. Таму не се срамеле од наттуреното име на „С“ на државата во нив…

Во неа, мисирот не се плашел од орлето и не ги криел барањата за обнова на Хашките случаи, немало неаргументирана двојазичност, вработувања по етнички клуч, балансери и Бадентери. Квалитетот бил на прво место.

Таму, скраја да е, партиски функционери не тепале по контрола на летање, полицајки не се самоудирале во пајаци, ниту собраниски спикери пцуеле вработени. Никако…

Во оваа прекрасна, замислена земја, власта терала тотално суверенистичка политика и никогаш не ги слушала странците, ги карале амбасадорите кога ќе ги пречекорат своите овластувања и гордо се бореле и грижеле за Македонците во Грција, Бугарија и Албанија. Таму Курти и Рама не се курчеле ко да се дома и не раководеле со иднината на соседот, ниту Радев уценувал со влез на Бугари во Устав, абе, тоа да ти била држава. Море држава ипол…

Во главата на лидерот на СДССС, граѓаните не биле гневни, бесни и полни со срџба поради тоа  што сервилната, ступидна, опортунистичка и лукративна власт само за да може да краде сменила исконско име на држава и со алаш-вериш финти менувала историја. Таму на ангро и за личен ќар не се продавале идентитетски одредници, револуционери и светци. Во оваа земја брусалиците ги користеле дреари само за работа, не за брусење шахти, а плочкарите лепеле плочки по куќи и тоалети, не по споменици.

Во светот, каде како виновници за сите неуспеси на власта се менувале народот, опозицијата и новинарите, децата имале учебници. Замисли, на крајот на годината добивале и свидетелства. Таму, не важела старата Фројдова вистина дека бессрамноста е прв симптом на глупост.

Оваа утопијска илузија на Ковачевски имала и свое име. Се викала Северна. Имала и рок на траење кој почнувал да минува на 8-ми мај, лето Господово 2024-то.

Во реалниот свет, надвор од фантазијата на креаторите, таа била, е и ќе остане МАКЕДОНИЈА. Во неа, се’ било погрдо од светот во главата на мисирот и орлето, кои ја уништувале и пељешеле со години, ама била наша и единствена.

Кај и да е, доаѓа време за ставање крај на овој измислен, имагинарен свет. И најдолгиот пат почнува со првиот чекор. Ајде, да си ја вратиме Македонија…

 

To top