Свет

Борел: Најавеното намалување на германската помош за Украина е многу загрижувачко

Борел: Најавеното намалување на германската помош за Украина е многу загрижувачко

Најавеното намалување на германската помош за Украина е „многу загрижувачко“ и претставува „лоша вест“, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Француски „Монд“ го цитира Борел, кој во Сантандер, на северот од Шпанија, изјави дека Германија прави многу за да и помогне на Украина да се спротивстави на руската инвазија и затоа претстојното намалување на помошта од Берлин е „многу загрижувачко“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во вторникот изјави дека ништо не може да влијае на тоа Германија да ги прекрши своите ветувања за поддршката на Украина и изрази изненадување од извештаите во германските медиуми дека Берлин има намера да ја намали воената помош за Киев.

Тој потврди дека германската Влада планира следната година да одвои четири милијарди евра за воена поддршка на Украина и посочи дека оваа сума е поголема од издвојувањето на која било друга европска земја, пренесоа украинските медиуми.

Шолц потсети дека, според одлуката на земјите-членки на Г7, Украина ќе добие заем од 50 милијарди евра од средствата од конфискуваниот имот на Руската Федерација, истакнувајќи дека официјален Киев со овие пари ќе може да купи оружје.

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ претходно објави дека Германија „остро ја намалува“ воената помош за Украина и дека Берлин, наводно, веќе престанал да плаќа за поправка на германската опрема оштетена во Украина. Весникот наведе дека во нацрт-буџетот за следната година Германија сака да ги преполови издвојувањата за Украина.

Најнови вести од Свет

To top