Ученик на возраст од 16 години, утрово беше избоден со нож во Србија. Тој е ученик во техничкото училиште Железник во исоимената белградска населба.
Нападот се случил околу 8 часот утринава при што бил избоден 16-годишен тинејџер, по што бил пренесен во Ургентниот центар.
-Нападот се случи во близина на училиштето, на 100-тина метри, пред почетокот на наставата. Исто така, и повредениот и напаѓачот се ученици на нашето училиште, изјавија за српските медиуми од оваа образовна институција.
Повредениот ученик сега е во стабилна состојба.
Истрагата е во тек и ќе ги утврди сите детали за нападот, како и мотивот.