Речиси двојно е зголемен водостојот на реката Вардар на мерното место кај Јегуновце во споредба со вчера, а на другите четири мерни места нивото е скоро исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
И водостоите на останатите реки во земјава се речиси исти со вчерашните, а карактеристично е што е суво коритото на реката Струмица кај мерното место Сушево.
Нивоата, пак, на природните езера во земјава се исти со вчерашните со исклучок на Преспанското Езеро каде водостојот е за еден сантиметар понизок од вчерашниот со што езерото е на девет сантиметри под апсолутно појавениот регистриран минимум.
Иако е исто со вчерашното, нивото на Дојранското Езеро е 46 сантиметри под договорениот минимум, додека водостојот на Охридското Езеро е за 14 сантиметри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината. (МИА)