Фудбал фудбал

Заљубени се уште од училишните денови, а поради него оставила друг маж (ФОТО)

Лионел Меси и неговата прекрасна сопруга Антонела споделија неколку интересни фотографии од нивниот одмор и сите се согласуваат дека таа е најзгодната сопруга на еден фудбалер.

Заљубени се уште од училишните денови, а поради него оставила друг маж (ФОТО)

Лионел Меси и неговата прекрасна сопруга Антонела споделија неколку интересни фотографии од нивниот одмор и сите се согласуваат дека таа е најзгодната сопруга на еден фудбалер.

Меси често истакнува дека за неговиот успех може да ѝ се заблагодари, меѓу другото, и на својата сопруга Антонела, бидејќи таа му пружа стабилност и мир.

Парот неодамна бил забележан во едно ноќно излегување во Мајами и во таа прилика изгледале одлично.

Нивната љубовна приказна е како сценарио за романтичен филм. Иако се заедно со години, нивната идила не ја нарушил ниту еден скандал. Меси и неговата сопруга се запознале како деца преку нејзиниот брат, а познатиот фудбалер многу години подоцна призна дека често се дружел и се гледал со него само за да биде во друштво и на Антонела.

Од друга страна, оваа убавица му пишувала писма и целото нивно дружење било преслатко. Но, за жал, животот ги разделил кога семејството на Меси се преселило во Барселона поради неговата фудбалска кариера.

„Замислете да се преселите на нов континент со вашето семејство на 13 години и нивната иднина да зависи од вас. Тоа беше комплицирано време. Од една страна, беше спектакуларно да се дојде и да се игра во Барселона. Од друга страна, беше тешко да се остави сè зад себе: пријателите, остатокот од семејството, детството. Стигнавме во земја во која немав ништо. Почнав од нула“, изјави еднаш Меси.

И Антонела и Меси продолжиле со своите животи. Лионел стана еден од доминантните играчи на теренот, а Антонела се посветила на образованието и станала неодолива дама. Се запишала на стоматологија и стапила во емотивна врска со друг маж.

Но судбината имала поинаков план за нив. Повторно ги споила, и тоа поради трагичен настан. Имено, најдобриот пријател на Антонела починал во 2005 година, а поради таа несреќа таа паднала во депресија и престанала да оди на факултет. Меси тогаш дошол во Аргентина само поради неа, за да ѝ пружи поддршка да се извлече од тешката психичка состојба.

Во меѓувреме Антонела го оставила своето момче, а меѓу нив повторно се појавиле љубовни искри и му дала шанса. Тие долго време ја криеја својата емотивна врска, за конечно во 2009 година на сите да им откријат дека се сакаат. Судбоносното „да“ еден на друг си го кажаа на гламурозна венчавка во 2017 година, а круната на нивната љубов се тројца наследници.

„Ме остави, но барем не ме остави поради било кој, туку поради Меси“, изјави еднаш нејзиниот поранешен партнер.

To top