Храната е одлично гориво, а што и кога јадеме може значително да влијае на квалитетот на тренинзите.
Диететичарката Натали Ризо сподели предлози за оброци кои треба да ги јадеме пред тренинг.
Доколку сте на неколку часа од тренинг, Ризо ви препорачува оброк кој содржи јаглехидрати, протеини и масти.
Диететичарката советува јадења како пилешко, стек и ракчиња, во комбинација со житарки и зелен зеленчук.