Регион Србија

Монструмот Урош призна дека го извршил масакрот, неговиот татко изјави дека не е виновен

Судењето наместо во Смедерево, од безбедносни причини се одржува во зградата на Специјалниот суд во Белград. 

Монструмот Урош призна дека го извршил масакрот, неговиот татко изјави дека не е виновен

Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето во Белград призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона.

Повтори дека е виновен, како што изјави и на прелиминарното рочиште.

Неговиот татко Радиша Блажиќ најпрвин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и изјави дека не е виновен за кривичното дело за кое се товари и дека не знае од каде го набавил оружјето неговиот син.

Судењето наместо во Смедерево, од безбедносни причини се одржува во зградата на Специјалниот суд во Белград. (МИА)

Најнови вести од Регион

To top