Познати Би-би-си

Готово е: Џенифер Лопез поднесе барање за развод, крај на нејзиниот четврти брак

Во документот се наведува дека двете страни се обврзани да споделуваат финансиски информации, како што се тековни приходи, расходи, долгови.

Готово е: Џенифер Лопез поднесе барање за развод, крај на нејзиниот четврти брак

 Американската пејачка и глумица Џенифер Лопез поднесе барање за развод од глумецот Бен Афлек, по две години брак. Барањето е поднесено вчера во Врховниот суд на Округот Лос Анџелес, според судските документи до коишто дојде „Би-би-си“.

Во документот се наведува дека двете страни се обврзани да споделуваат финансиски информации, како што се тековни приходи, расходи, долгови.

Лопез и Афлек се запознаа на снимање филм во 2003 година и планираа да се венчаат, но ја раскинаа свршувачката следната година, а се венчаа скоро 20 години подоцна.

Афлек во меѓувреме беше в брак со глумицата Џенифер Гарнер со која има три деца, а за Лопез ова беше четврти брак. Од бракот со пејачот Марк Антони, латиноамериканската пејачка има две деца.  (МИА)

Најнови вести од Познати

To top