Ракомет

Алкалоид и Олимпијакос со победи го стартуваа турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид. 

Алкалоид и Олимпијакос со победи го стартуваа турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид. 

Ракометарите на Алкалоид со триумф од 27-22 против Динамо Панчево тргнаа во првото коло на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.

Избраниците на Кире Лазаров по израмнетиот старт направија разлика и највисокото водство во првиот дел беше седум разлика со која се замина на одмор и предост од 16-9.

Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Никола Костески кој постигна шест голови, а после него Мартин Серафимов погоди пет пати.

Грчкиот гигант Олимпијакос без поголеми проблеми го стартуваше настапот на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако славеше убедлив триумф над црногорскиот претставник, Ловќен, со конечен резултат 37-22.

Најдобри поединци во победничкиот состав беа искусните Јосип Периќ и Предраг Вејин.

To top