Денеска во просториите на ФФМ беше извршена ждрепката за првата рунда од Купот на Македонија. Тиквеш кој е бранител на трофејот е слободен во првото коло, останатите почнуваат уште на стартот.
Вардар ќе му гостува на Новаци, Пелистер го доби Скопје, шампионот Струга Трим Лум оди кај Слога во Виница.
Прво коло Куп на Македонија:
Победа – Гостивар
Џепчиште – Шкупи
Кожув – Арсими
Вардар Неготино – Брера
Јени Маале – Шкендија
ФК Слободен – Брегалница
Беласица – Македонија ЃП
Башкими – Воска Спорт
Охрид – Беса
Шкендија Арачиново – Работнички
Карбинци – Силекс
Борец – Детонит Плачковица
Слога Виница – Струга Трим Љум
Скопје – Пелистер
Новаци – Вардар
Натпреварите се закажани за 18 септември во терминот од 15:00 часот. Се игра еден меч, а доколку по 90 минути е нерешено се пристапува кон шутирање на пеналите.