Свет

Турција го осуди израелскиот напад врз репортески тим на ТРТ во Газа

Турција го осуди израелскиот напад врз репортески тим на ТРТ во Газа

Шефот на Канцеларијата за комуникации на претседателот на Турција, Фахретин Алтун, го осуди израелскиот напад врз репортерскиот тим на ТРТ во Газа, јавуваат турските медиуми.

Алтун на социјалните мрежи истакна дека Израел напаѓа и новинари.

-Го осудувам нападот на тимот на ТРТ, кој беше директна цел на израелските снајперисти додека беа на должност. Во Газа нема повеќе место, ниту на гробиштата. Освен за геноцидните злосторства, Израел секако ќе одговара за Нападите и масакрите против ТРТ и другите новинари, кои отворија „комуникациски коридор“ од Газа кон светот, му посакувам брзо закрепнување на репортерот на ТРТ, Сами Берхум и на целиот тим на ТРТ“, рече Алтун.

Израелската армија вчера нападна возило со екипаж на ТРТ Араби во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, во област за која тврдат дека е безбедна.

Дописникот на ТРТ Араби Газа, Сами Берхум, рече дека израелските војници целеле возило во Кан Јунис, иако тоа било новинарска екипа.

-Бевме мета по четврти пат од почетокот на војната, иако имавме возило за новинари, шлем и елек. Отидовме да правиме вести во областа северно од Кан Јунис, која Израел ја смета за безбедна, каде што се раселени Палестинците се концентрирани, рече Берхум.

Тој истакна дека врз нив пукале израелски снајперисти стационирани на ридовите.

-Тие пукаа и во возилото и околу возилото. Продолжија да пукаат околу 15 минути откако се оддалечивме пет метри од возилото, рече Берхум.

Тој посочи дека нема безбедно место во Газа.

-Израелските војници пукаат во нас директно, без никакво предупредување. Тие директно го гаѓаа нашето возило, го гаѓаа ветробранското стакло на возилото и нашиот снимател, рече Берхум.

Најнови вести од Свет

To top