Фудбал

Кристијано Роналдо ги исмејуваше соиграчите по поразот во финалето (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо ги исмејуваше соиграчите по поразот во финалето (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо не успеа да дојде до трофеј со Ал Наср во Суперкупот на Саудиска Арабија откако во финалето беа поразени од Ал Хилал со 1:4.

Поразот посебно тешко му падна на Роналдо кој го доведе својот тим во водство во 44. минута.

По примениот четврти гол Роналдо ги исмејуваше своите соиграчи од одбраната покажувајќи им како спијат, но и едвај ги задржа солзите, а по крајот од мечот побрза кон соблекуваланта.

To top