Хроника Ресен

80-годишен дедо со автомобил удрил во 79-годишен велосипедист

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во „Специјална болница Св. Еразмо“ во Охрид.

80-годишен дедо со автомобил удрил во 79-годишен велосипедист

На 15.08.2024 во 09:25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на улица „29 Ноември“ во Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Ј. (80) и велосипед управуван од Д.Б..(79) од Ресен.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во „Специјална болница Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид извршила екипа од ОВР Ресен.

To top