Во пресрет на 18 Август-Денот на Армијата, на платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот се реализира традиционален свечен собир на вработените во Генералштабот и Министерството за одбрана, се вели во Фејсбук статусот на АРМ.
Исто така со воени церемонии празникот на Армијата се одбележа и во командите и единиците на Армијата во сите касарни во Републиката. На денешната свеченост по повод Денот на Армијата се соопштија наредби за унапредувања во повисок чин, наградни отсуства, плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на Армијата и Министерството за одбрана, како и на организации кои допринеле за развојот на одбраната и Армијата. Честитаме на наградените и пофалените, истакнуваат од Армијата.