На 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д.(76) од Крива Паланка, кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје констатирано е дека станува збор за насилна смрт, односно убиство.
ОВР Крива Паланка презема мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.