Хроника Полициски билтен

Две старици дрско измамени од лажни полицајци: „Вашата ќерка направи сообраќајка со смртни последици“…

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Две старици дрско измамени од лажни полицајци: „Вашата ќерка направи сообраќајка со смртни последици“…

На 14.08.2024 во 15:20 часот во СВР Скопје, 86-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат од полиција во Црна Гора.

Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на местото каде што ѝ кажало лицето.

На 14.08.2024 во 09:31 часот во СВР Скопје, 87-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 280.000 денари.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да биде ослободена.

Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и од тераса му го фрлила пликот со пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

To top