Македонија

Мицкоски: Укинувањето на Балансерот не е иницијатива на политичка партија, туку доаѓа од ЕУ

Нашиот став, не е став на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, кога ќе го отворите скрининг извештајот ќе видите дека тоа е став на Европската Унија, вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ се откажа во Собранието од Балансерот.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека Балансерот изминатиот период бил злоупотребуван посебно во декларирањето во етничката припадност на граѓаните.

-Ако сакаме ние да правиме реформи за што самата Европска Унија вели дека треба да правите реформи тогаш една од реформите е и ова. Во која што тие велат дека времето на Балнсерот измина, бидејќи бил предмет на многу злоупотреби во минатото посебно во декларирањето во етничката припадност на граѓаните. И тоа не е став на ВМРО, став на ВРЕДИ, став на ЗНАМ, на СДСМ, ДУИ или не знам која друга политичка партија. Тоа е став на Европската Унија. Сакаме да одиме таму или не сакаме сега? Ако сакаме да одиме таму, тогаш треба некогаш да ја прифатиме и таа работа која што можеме да ја прифатиме, а тоа во случајов е Балансерот, односно да се направат реформи или да нема. Тоа е политиката која што треба да ја водиме ако не сакаме, ако не сакаме, тоа е друга работа. Треба да кажеме кога треба да се менува име, кога треба да се ставаат овие во Устав и оние, тогаш нема проблем тогаш сме за Европа. Но кога не треба тоа, кога треба нешто друго да се прави е тогаш не бива работава“ изјави премиерот и додаде:

„Комисијата во Собрание треба да ја гледа правичната застапеност. Правичната застапеност и под правична застапеност вие немате само етничка имате и родова односно полова, да бидам попрецизен да не се заглавам во родовите политики на некои претходници, рече премиерот.

Најнови вести од Македонија

To top