Свет

Американските сенатори загрижени од извештаите за обидите на странски агенти да влијаат на изборите во САД

Американските сенатори загрижени од извештаите за обидите на странски агенти да влијаат на изборите во САД

Заменик-претседателот и претседателот на сенатскиот Комитет за разузнавање, републиканецот Марко Рубио и демократот Марк Ворнер синоќа изјавија дека има „очигледни обиди на странски противници да влијаат на претстојните претседателски избори во САД“.

– До изборите остануваат помалку од 100 дена и станува јасно дека странските противници се исклучиво заинтересирани за нарушување на демократскиот процес, се наведува во изјавата на сенаторите.

Тие посочија дека очекуваат дополнителни информации од разузнавачката заедница и безбедносните служби за големината на неодамнешните напори од странство насочени против предизборната кампања.

Сенаторите изразија сериозна загриженост во врска со извештајот на компанијата Мајкрософт, во кој се наведува дека киберкриминалците можеби ја пробиле инфраструктурата на претседателската предизборна кампања.

– Ги осудуваме сите видови потенцијални напори за влијание на странските противници и ја повикуваме разузнавачката заедница и безбедносните служби итно да ги испитаат овие извештаи, изјавија сенаторите, додавајќи дека администрацијата и двете политички партии треба јасно да стават до знаење дека мешањето во американскиот демократски процес нема да остане без последици.

Поврзани теми

To top