Фудбал

Мбапе: Ова е голем исчекор за мене, во иднина ќе бидеме само подобри

Мбапе: Ова е голем исчекор за мене, во иднина ќе бидеме само подобри

Францускиот фудбалер и репрезентативец Килијан Мбапе постигна гол против Аталанта на дебито за Реал Мадрид.

– Ова беше голема ноќ за мене, го чекав овој момент навистина долго. Долго чекав да заиграм со овој дрес, за овој грб и за оваа публика. Ова е незаборавен момент за мене, а уште подобро е што освоивме трофеј. Реал Мадрид секогаш оди на победа и секогаш освојува трофеи. Многу сум среќен за победата и постигнатиот гол. Погодоците се важни за напаѓачите, така е и за мене. Сепак, најважно е тоа што можев да заиграм за овој клуб. Ова е голем исчекор за мене, во иднина ќе бидеме само подобри. Дали можам да постигнам 50 гола? Ова е Реал Мадрид, дојдов во Реал Мадрид и тука не постојат граници. Ако постигнам 50 гола, тогаш нека бидат 50. Најважно е да победуваме и да се подобриме како тим. Ако играме вака, многу често ќе победуваме, – изјави Мбапе.

To top