Еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Педри се врати на тренинг на својот тим, објавија од каталонскиот гигант.
21-годишниот талент се повреди за време на четвртфиналето на ЕВРО 2024 меѓу Шпанија и Германија по старт од Тони Крос, и имаше сомнежи дали ќе биде подготвен за почетокот на новата сезона.
Добрата вест е дека тој денеска за првпат учествуваше во дел од тренингот, што е значаен чекор кон негово целосно закрепнување.