Познати Хамбург

„Треба да го тужи музејот“: Фановите на Тејлор Свифт бесни поради восочната фигура на пејачката (ФОТО)

Обожавателите на познатата пејачка веднаш се огласија на социјалните мрежи и го споделија своето мислење за изгледот на восочната фигура со целиот свет.

„Треба да го тужи музејот“: Фановите на Тејлор Свифт бесни поради восочната фигура на пејачката (ФОТО)

Во музејот на восочни фигури Panoptikum во Хамбург беше претставена восочна фигура на пејачката Тејлор Свифт.

Берлинската уметничка Лиза Бухер се обиде да ја прикаже поп иконата што е можно пореално во природна големина, но судејќи според коментарите на социјалните мрежи, некаде згрешила.

Интернетот е преплавен со фотографии од восочната фигура на Тејлор и коментарите се урнебесни.

Обожавателите на познатата пејачка веднаш се огласија на социјалните мрежи и го споделија своето мислење за изгледот на восочната фигура со целиот свет.

За жал, повеќето веруваат дека уметникот ја „уништил убавината“ на нивниот идол, па дури одат дотаму што велат дека некои мислат дека делото изгледа „како дете да го направило“.

„Ова е некој професор по уметност од Минесота“, „Тејлор треба да го тужи музејот“, „Дали оваа госпоѓа може да се помести за навистина да видам каде е Тејлор“, се само дел од хумористичните коментари на корисниците на мрежата Х за восочната фигура.

To top