Свет

Хамас го откажа учеството на мировните преговори во Катар

Палестинската организација Хамас денеска соопшти дека нема да учествува во новиот круг мировни преговори, што е закажан за утре во Доха.

Хамас го откажа учеството на мировните преговори во Катар

Палестинската организација Хамас денеска соопшти дека нема да учествува во новиот круг мировни преговори, што е закажан за утре во Доха.

– Одењето на нови преговори му овозможува на окупаторот да наметне нови услови и да ги искористи нивните лавиринти за да изврши повеќе масакри, изјави претставникот на Хамас, Сами Абу Зухри.

Тој додаде дека Хамас е посветен на предлогот што му беше претставен на 2 јули, врз основа на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и говорот на американскиот претседател Џо Бајден. Зухри наведе дека Хамас е подготвено да почне да разговара за механизмот за имплементација.

Израелската Влада најави дека утре ќе испрати своја делегација на преговорите во Катар.

САД соопштија дека очекуваат индиректните разговори во главниот град на Катар да се одвиваат според планираното и веруваат дека примирјето сè уште е можно. Но, американскиот портал Аксиос објави дека државниот секретар на САД, Ентони Блинкен ја одложил вчера планираната посетата на Блиски Исток.

Тројца неименувани високи ирански претставници вчера изјавија дека само прекин на огнот во Појасот Газа ќе го одврати Иран од директна одмазда против Израел за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија.

Најнови вести од Свет

To top