На граничниот премин Табановце за излез и за влез во државава има зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти утрово Автомотосојузот на Македонија.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и дека е зголемен интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини.