Фудбал

Де Лихт и Мазрауи официјално нови фудбалери на Манчестер Јунајтед

Де Лихт и Мазрауи официјално нови фудбалери на Манчестер Јунајтед

Maнчестер Јунајтед ги потврди трансферите на дефанзивците Матијас Де Лихт и Нусер Мазрауи кои пристигнуваат во „пакет“ од Баерн Минхен.

Де Лихт во клубот од „Олд Трафорд“ пристигнува за сума од 45 милиони евра плус пет преку бонуси. Во изјавата по трансферот, Де Лихт потврди дека тренерот Тен Хаг бил една од причините што се преселил на „Олд Трафорд“.

За трансферот на Мазрауи, Јунајтед плати 15 милиони евра, додека уште пет ќе ги исплати преку бонуси. Исто како и Де Лихт и Мазрауи соработуваше со Тен Хаг во периодот додека го носеше дресот на Ајакс.

To top