Свет Огласување

Иран: Само прекин на огнот во Појасот Газа може да ја запре нашата одмазда

Неименуваните ирански претставници не прецизираа колку време ќе дозволат да се преговара.

Иран: Само прекин на огнот во Појасот Газа може да ја запре нашата одмазда

Само прекин на огнот во Појасот Газа ќе го одврати Иран од директна одмазда против Израел за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, изјавија тројца неименувани високи ирански претставници.

Висок ирански безбедносен претставник истаккна дека Техеран заедно со сојузниците, како Хезболах, ќе преземе директен напад ако преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа не успеат или ако се добие впечаток дека Израел ги пролонгира преговорите.

Неименуваните ирански претставници не прецизираа колку време ќе дозволат да се преговара.

По убиството на Ханија во Техеран и на командантот на Хезболах, Фуад Шукр во Бејрут, САД и западните земји апелираат Иран да ја ограничи својата одмазда.

Преговори за прекин на огнот во Појасот Газа би требало да се одржат на 15 август во Египет или во Катар. (МИА)

To top