Свет

Земјотрес од 4,6 степени по Рихтер го погоди подрачјето на Лос Анџелес

Земјотрес од 4,6 степени по Рихтер го погоди подрачјето на Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтер ја погоди областа Лос Анџелес нешто по пладне по локално време, соопшти Геофизичкиот институт на САД, цитиран од американските медиуми.

Потресот силно го почувствувале локалните жители. Епицентарот на земјотресот бил во областа Хајленд Парк, североисточно од центарот на градот, а неговиот епицентар бил на длабочина од 12,1 километар.

Противпожарната служба на Лос Анџелес соопшти дека е мобилизирана да реагира, но нема извештаи за материјална штета или повредени како последица од земјотресот.

Националната метеоролошка служба соопшти дека не се очекува цунами.

Најнови вести од Свет

To top