Утрово остварив средба со амбасадорката на Романија, Н.Е. Моника Аксинте и со одбранбеното аташе, полковник Каталин-Петре Арчип. Ја потврдивме успешната соработка како на регионален така и на билатерален план и разговаравме за унапредување во делот на стручно оспособување. Упатив искрена благодарност до Романија за помошта која ни ја даде во справување со пожарите со упатување на два специјални авиони и тимови за гаснење на пожарите, објави на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.