Скопје

Без вода дел од населба Кисела Вода

Без вода дел од населба Кисела Вода

Без вода денеска од 8:10 часот се дел од корисниците лоцирани на улица „Христо Татарчев“, од крстосницата кај „Гет кафе“ до кружниот тек на последната автобуска станица од линијата број 24 и дел од жителите од улицата „Георги Димитров“ во општина Кисела Вода.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект ф-200 милиметри на улица „Христо Татарчев“ бр.54 во населба Кисела Вода.

To top