Прогласени се најдобрите ракометари кои влегуваат во ракометниот „дрим-тим“ на машкиот турнир од Олимписките Игри во Париз.
Идеалниот тим е составен од петмина претставници на освојувачот на златниот медал, а тоа е секако селекцијата на Данска.
Во ова друштво место има за Матијас Гидсел, Симон Питлик, Лукас Јоргенсен и голманот Никлас Ландин, а ним им се придружуваат уште Јури Кнор и Ренарс Ушчинс од Германија.